„Во изминативе седум месеци максимално се потрудив да работиме транспарентно, да демонстрираме заедништво и да ги коригираме политиките кои биле погрешни. Со целосен респект за тежината на одлуките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните на Карпош. За жал, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата како шо ќе се договориме. Начинот на работа со опструкции, инает, подметнување и навреди, не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош, да се прават опструкции е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Недоразбирањата траат подолг време. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“, истакна Јакимовски пред советниците во Општина Карпош.
Јакимовски на прес-конференција пред општинската зграда истакна дека се соочувал со навреди, подметнувања и омаловажувања и како што рече „Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните и советот на Карпош“.
„Карпош и јас мораме да им се спротиставиме на опструкциите, мораме да им се спротиставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротиставиме на шпицен градоначалникот. оваа општина и овој народ си избраа градоначалник којшто мора да ги штити нивните интереси. Мора да се спротиставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата општина. “, рече Јакимовски.
Истакна дека за изживување, Мицкоски треба да побара некој помлад од него, со поинаков карактер и со помалку стаж.
„Ова повеќе не може да биде толерирано. Ги прекинувам разговорите со Муцкоски и тој е единствениот виновник зошто ја раскинуваме оваа коалиција. Знам дека сега ќе почнат шпекулациите дека ќе одиме во коалиција со СДСМ. Не правам коалиција со никого, останувам со граѓаните на Карпош. Повеќе не можам да го трпам тајниот непријател. Од тајни има причина да станеме јавни непријатели. Виновник за тоа не сум јас. Долго време се обидував да ги ускладиме односите, но да се вмешате во внатрешните работи на една политичка партија, да вршите притисок врз еден градоначалник и да вие бидете тој кој ќе командува со Општина Карпош, а за тоа граѓаните да не ви дале мандат. Бујрум дојдете наредните избори и кандидирајте се“, вели Јакимовски
Јакимовски нагласи дека тој и ГРОМ ќе продолжат да дејствуваат опозиционо.
Ј. Ѓ.
.