Русија веќе изгуби околу 31.700 војници во Украина (+200 во изминатиот ден), соопштува Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Помеѓу 24 февруари 2022 година и 9 јуни 2022 година, вкупните борбени загуби на руските сили вклучувале и 1.398 тенкови (+5 во текот на изминатиот ден), 3.438 оклопни борбени возила (+9), 711 артилериски системи (+8), 213 повеќекратни системи за лансирање ракети (+0), 96 системи за противвоздушна одбрана (+0), 212 авиони (+0), 178 хеликоптери (+0), 2.421 моторни возила и резервоари за гориво (+15), 13 воени бродови/чамци (+0) , 562 беспилотни летала (+3), 53 единици за специјална опрема (+0). Соборени се вкупно 125 непријателски крстосувачки ракети (+0), соопштуваат од украинскиот Генералштаб.
Во соопштението се наведува дека во текот на изминатиот ден, руските трупи претрпеле најголеми загуби во насока на Бахмут.