ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Солун на средби со шефовите на дипломатиите на Грција, Словенија и Србија

June 10, 2022 15:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун, имаше средби со своите колеги од Грција, Никос Дендиас, на Словенија Тања Фајон и на Србија, Никола Селаковиќ.

Како што соопшти МНР, упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Словенија, Османи упати благодарност за досегашната континуирана словенечка поддршка за напорите на Северна Македонија за реализација на своите стратешки цели, особено нагласена за време на претседавањето на Словенија со Советот на Европската Унија.

Министрите се осврнаа и на актуелната тешка ситуација во Украина, осудувајќи ја неоправданата и нехумана воена агресија на Русија, потенцирајќи дека тоа е сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. При тоа, разменети беа и мислења за последиците врз економиите и енергетските токови во Европа и пошироко, како и хуманитарната криза на бегалците од Украина.

На средбата со српскиот министер Селаковиќ, беше нагласено задоволството од успешно завршениот Самит на Отворен Балкан во Охрид, како и потврдата на државите учеснички за неговите досега постигнати резултати и ефекти во однос на понатамошното либерализирање на движењето на луѓето, робата, услугите и капиталот.

Посебно беше истакнат фактот што се договорија нови форми на понатамошна нагласена соработка во областа на вработувањето, туризмот и културата. Развојот на ваквите иницијативи е најдобар начин за напредок на нашиот регион, што е и целта на патот на интеграцијата во ЕУ, но тие треба да бидат инклузивни и не смеат да бидат во колизија ниту замена за членството на сите држави од регионот во ЕУ.

Министрите Османи и Селаковиќ, и го поздравија развојот на процесот и досегашните одлуки на МПЦ-ОА и СПЦ, со што се овозможува надминување на меѓусебните недоразбирања на овој план, како и конечно разрешување на прашањето со автокефалноста на МПЦ-ОА во Цариград, каде наскоро се очекува одржување на заедничка литургија во Вселенската патријаршија и добивање томос.

На маргините на министерската конференција, Османи се сретна и со неговиот грчки колега, а како што објави на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, имал куса средба со МНР на Северна Македонија „во продолжение на неодамнешната посета на Скопје“. /MИА/.

Next Post

Трас: Смртната казна за Британците е прекршување на Женевската конвенција

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk