ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Прв круг од парламентарните избори во Франција

June 12, 2022 08:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од осум часот изутринава во Франција се отворени гласачките места. Во првиот круг од изборите има речиси 6.300 кандидати за 577 пратенички места во Националното собрание. Оние кои нема да бидат избрани денеска, за да влезат во вториот круг на 19 јуни треба или да бидат на првите две места во нивната изборна единица или да ги добијат гласовите на најмалку 12,5 отсто од запишаните гласачи, јави дописникот на МИА.

Во добар дел од прекуокеанските територии веќе се гласаше вчера.

Речиси 6.300 кандидати се борат за 577 места во Националното собрание, односно 20 отсто помалку од 2017 година, ова особено се должи на договорот на левицата, која настапува под етикетата Нупес (Бунтовна Франција, Социјалисти, Комунисти, Зелени).

Најавеното масовно воздржување на гласачите би можело да арбитрира во трката меѓу шефот на државата, Емануел Макрон, и , Жан-Лук Меланшон, кој беше трет на претседателските избори и сега е лидер на левицата.

Заедно, макронистичката коалиција што ги обединува Републиката во марш, Хоризон и МоДем , се чини дека е загрозена од левичарскиот сојуз Нупес (Нов народен, еколошки и социјален сојуз). Додека крајната десница, Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен покажува умерени амбиции.

Воздржаноста од гласање на законодавните избори постојано се зголемува од изборите во 1993 година, зголемувајќи се од 31 отсто на 51,3 отсто во 2017 година. Тоа првенствено ги погодува младите луѓе и работничката класа.

Доколку Емануел Макрон добие само релативно мнозинство, тој би бил принуден да преговара со другите парламентарни групи за да ги одобрат неговите закони. Таква ситуација веќе имаше во 1988 година, по реизборот на Франсоа Митеран. Неговиот премиер, Мишел Рокард, тогаш мораше макотрпно да составува ефемерни мнозинства за секој проект. Тој, исто така, често прибегнуваше кон член 49-3 од Уставот, процедура која дозволува усвојување без гласање на текст на закон, чија употреба оттогаш е ограничена.

Доколку „Нупес“ на Жан-Лук Меланшон освои апсолутно мнозинство, на Емануел Макрон ќе му бидат одземени практично сите овластувања.

-Тој веќе нема да биде политичарот кој ќе ја одредува политиката на нацијата, туку мнозинството во Националното собрание и премиерот кој ќе дојде од победникот, изјави Доминик Русо, професор по Уставно право на Универзитетот Пантеон-Сорбона. Токму со оваа цел на ум Жан-Лук Меланшон постојано повторуваше дека сака да ги направи овие законодавни избори „трет круг“ што ќе му овозможи да биде „избран за премиер“.

Вклучувајќи ја и премиерката Елизабет Борн, петнаесет членови на владата се во трка за пратеничко место и ќе мора да ја напуштат извршната власт во случај на пораз, во согласност со непишано правило, но веќе применето во 2017 година од Емануел Макрон.

Откако Марин Ле Пен собра повеќе од 41отсто од гласовите во вториот круг на претседателските избори, Националниот собир стравува дека ќе биде оставен зад Нупес и Заедно!. Сепак, тој се надева дека ќе добие меѓу 20 и 40 пратеници, наспроти осумте избрани во 2017 година, и на тој начин ќе формира пратеничка група за прв пат од 1986 година./MИА/. 

Next Post

Бериша најави масовни протести: Рама полош од Енвер Хоџа, инсталира српска хегемонија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk