ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Тренчевска: Инклузијата на децата Роми во предучилишниот процес е клучна за нивниот понатамошен детски развој

June 13, 2022 14:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа презентација на постигнатите резултати на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“, на којa воведно обраќање имаше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Во своето обраќање пред присутните градоначалници, директори на детски градинки и претставниците од Ромскиот Образовен фонд (РЕФ), министерката Тренчевска го потенцираше значењето на образованието во раното детство кое игра клучна улога во развојот на децата и има значајни позитивни социо-економски ефекти врз целото општество.

„Еден од приоритетите на Владата и Министерството за труд и социјална политика е еднаков пристап и инклузија на сите деца во воспитно-образовниот процес без разлика на полот, етничката припадност, социо-економските и културолошките разлики, како и различните здравствени и посебни потреби. Инклузивноста претставува комплексна определба која произлегува од суштината на Конвенцијата за правата на детето, секое дете да добие еднакви шанси во развојот и можност да биде рамноправен член на заедницата,“ рече Тренчевска.

Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта, Единиците на локална самоуправа и Јавните општински установи-детски градинки почнувајќи од 2006  година. Целта на проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.

Во текот на овие 16 години од имплементацијата на проектот беа вклучени бесплатно околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, беа ангажирани 20 негувателки Ромки кои работеа со овие деца и го олеснуваа процесот на интеграцијата на ромските деца во детските градинки и повеќето од нив се веќе во редовен работен однос, а некои се ангажирани со договор на проект. Покрај негувателки ангажирани се и 17 медијатори кои работат со договори на проект во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим. Важно е да се напомене дека ромските деца не беа сместени во сегрегирани  групи во градинките, туку во интегрирани групи заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија.

На настанот беше истакната успешноста на овој проект и неговата клучна улога во процесот на образованието на Ромите и намалување на јазот помеѓу Ромите и останатите етнички заедници во делот на образованието. Воедно, овој проект придонесе и за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, кое значително го подобрува развојот на децата Роми и вклучувањето во образовниот систем.

„Проектот Инклузија на деца Роми  во предучилишно образование во учебната 2021-2022 година е имплементиран во 21 општини.  Министерството за труд и социјална политика потпиша   трипартитни договори со 21 општина и 21 Детска  градинка. Заклучно со јуни  2022 година,  опфатени се  вкупно 264 деца од предвидените 415 деца,“ информираше Тренчевска.

Министерката порача дека министерството за труд и социјална политика кое ги постави темелите на овој систем продолжува да работи на реформата, на подобрување на квалитетот на предучилишното образование и на јакнење на капацитетите на кадарот кој што се грижи за децата.

Next Post
Бугарија, Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Бугарскиот пратеник Михнев: Се движиме во насока на обезбедување апсолутно мнозинство во Парламентот

Shortcut

Најново

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk