ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши на Преспа форум дијалог: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните

June 16, 2022 18:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската унија дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока Северна Македонија веќе направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел сесијата насловена “Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот кој денеска се одржува во Охрид.

„Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија како што се фотоволтаични централи. Работиме засилено на изградба на инфраструктора за гасно поврзување и со регионот, но и за обезбедување на гас за сите дoмаќинства. Економиите во регионот се обврзаа да ги усогласат своите среднорочни планови за намалување на емисиите со амбициите на ЕУ за намалување на емисиите на CO2. Земјите од регионот мора да ги решат предизвиците што произлегуваат од постепеното исклучување на јагленот, како што се невработеноста, економските нарушувања и миграцијата на работната сила, се вели во декларацијата од самитот. Декарбонизацијата ќе се постигне „преку употреба на обновливи или помалку јаглерод-интензивни горива“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека за целиот регион потребата од зелена трансформација не е само економско прашање, и колку побрзо го разбереме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар.

„Подобрувањето на енергетскиот интензитет е главна можност за раст за целиот регион што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на земјоделството и храната. Забрзаната транзиција на клучните сектори кои најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат напред, додека внимателно се препознаваат новите можности за владата, компаниите и граѓаните кои ги донесе зелената транзиција. Исто така, неопходно е мудро да се управуваат ризиците од транзицијата и да се осигура дека е одржлив, праведен и адекватно финансиски поддржан. Потребно е секогаш да се има предвид дека оние кои не се прилагодуваат ќе заостанат многу“ кажа министерот.

„Треба да бидеме свесни, секој од нас, дека сите сме дел од зелената трансформација и дека секој од нас има своја улога. Колку побрзо го сфатиме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар“ кажа Бектеши.

 

Next Post

Тренчевска од Рим: Во создавањето идни социјални услуги согласно потребите на граѓаните, значајна улога имаат демографските податоци во една држава

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk