Целосно фијаско вечерва на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Очигледно ништо од најавуваните десетици илјади граѓани.
Според наши извори во полицијата, каде што експерти ја проценуваат бројката, на протестот на ВМРО-ДПМНЕ има само околу 12.000 граѓани.
Очигледно, ниту бројните автобуси што беа платени за да донесат луѓе од градовите од внатрешноста не ѐ помогнаа на опозицијата да собере задоволителна бројка граѓани. Како што објавивме претходно, автобусите од повеќе градови биле полупразни.
Д. Е.