Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје се изречени 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за минување на црвено светло, соопшти Министерството за внатрешни работи, jaвува МИА.
Изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, четири за пешаците, три мерки за користење на мобилен телефон, осум за непрописно престигнување…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.