fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Цените не се намалени согласно нашите очекувања, следната недела дополнително ќе се прошири одлуката

June 21, 2022 15:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Цените не се намалени согласно нашите очекувања со одлуката за замрзнување на маржите и најверојатно во текот на наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот на кој се прави трговијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-На дневна основа ја следиме состојбата и добиваме извештаи од страна на Државен пазарен инспекторат. Кај одредени производи наведени во листата има намалување на цените. Дали се намалени согласно нашето очекување да бидам искрен не, но дополнително ќе се прошири одлуката. Најверојатно тоа ќе биде наредната недела, бидејќи немаше доволно време за да можат да ги усогласат цените. Оваа недела ќе направиме целосна анализа од денот кога се применува одлуката и најверојатно наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот како се прави трговијата во нашата држава од денот кога е донесена таа одлука, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Како што нагласи одлуката за замрзнување на маржите важи до 30 септември, а во делот на целосно укинување на дополнителни трошоци, рабат и рекламирање до крајот на годинава.

-До крајот на неделава ќе видиме дали ќе има дополнително намалување од ова намалување сега што е. Ако нема секако дека ќе се смени и одлуката во вторник кога ќе имаме седница на Влада.  Ако не се почитува одлуката во делот на маржите стои опцијата дека може да се донесат и мерки за замрзнување на цените. Ако донесеме таква одлука тоа ќе значи дека ќе имаме фиксна цена за секој производ, рече Бектеши.

Посочи дека се уште има простор за намалување на цените во делот на макарони и брашно до крајот на неделата.

-Имајќи во предвид дека сега во јули ќе има нова жетва посебно во делот на пченицата, на сончогледот и сл. согласно сите анализи очекуваме да бидат намалени цените на суровините. Ако согласно постоечките цени ги замрзнеме директно цените тоа ќе значи дека ќе имаме повисоки цени од тие кои ќе бидат после две-три недели заради тоа што ќе има поголема понуда со иста потрошувачка, што значи дека цените би требало да се намалат со новата жетва која доаѓа, посочи Бектеши.

Ако нема, додаде, ќе се смени одлуката.

-Во делот на целосно замрзнување на цените имаме рок уште 2-3 недели да почне жетвата посебно на земјоделските производи тие кои се стратешки, кои може да влијаат во делот на цените на финалните производи. Ако гледаме дека не се почитува одлуката во делот на замрзнување на маржите согласно сите анализи и увозни цени и производствени цени во делот на формирање и одредени трошоци кои се вградуваат во формирање на цената секогаш стои опцијата дека може да се донесе таква одлука, појасни Бектеши./МИА/

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: скриншот

План во девет чекори на претседавачот со ОБСЕ за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

June 4, 2023

Ана Брнабиќ: Подготвена сум да поднесам оставка, но Вучиќ засега одбива

June 4, 2023
Володимир Зеленски Foto: Wikimedia Commons

Зеленски: Им благодарам на сите кои му помагаат на МКС во истрагата на руските злосторства во Украина

June 4, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Прв пренос во живо од „црвената планета“ /Извор: НАСА

    Прв пренос во живо од „црвената планета“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба на Џафери со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сдсм да падне, а вмро да зајде!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џафери: Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk