ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: „Францускиот предлог“ досега не е добиен и нема можност да се достави до Собранието

June 21, 2022 12:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неговиот Фејсбук профил објави дека „францускиот предлог“ за деблокирање на европскиот пат на земјава досега не е добиен во МНР и затоа нема можност да биде доставен до Собранието.

– Формално досега не е добиен „француски предлог“ како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација. Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела. Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладината комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години. Оттука, нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија, појаснува Османи на Фејсбук статусот во врска со писмото од претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, пратеникот Антонио Милошоски, во кое тој бара уште денеска до Собранието да бидат доставени „протоколот и Преговарачката рамка поврзана со Бугарија“.

Османи во објавата додава дека секогаш одговарал позитивно на поканите на Комисијата за надворешна политика на Собранието, иако, како што посочува, не секогаш таму се чувствувал добредојдено и пријатно, ниту пак „наоѓал на соработка кога се работи за сослушување на избраните амбасадори“. Тој, сепак, изразува согласност да се утврди термин во кој пред Комисијата ќе зборува за сите прашања од надворешната политика.

– Согласно агендата, согласен сум наскоро да утврдиме термин и да ги преставам сите прашања од доменот на надворешната политика, но притоа да го повикам претседателот на Комисијата, да ја закаже седницата за избор на неколку клучни амбасадори чие упатување непотребно е стопирано преку незакажување седница на Комисијата за нивно сослушување, пишува Османи на неговиот Фејсбук профил.

Милошоски во објава исто така на Фејсбук, наведе дека писмото со барањето за доставување на документите го испратил до премиерот Димитар Ковачевски и до Османи.

– За документите кои се однесуваат на Македонија, Владата нема право истите да ги крие од јавноста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа, наведува Милошоски во писмото, што го објави и на неговиот Фејсбук профил./МИА/

Next Post

ФИФА им дозволи на странците да ги суспендираат договорите со руските клубови до 2023 година

Shortcut

Најново

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk