ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Панел дискусија „Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија“

June 21, 2022 18:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германското стопанско здружение денеска во Скопје беа домаќини на првата панел дискусија на тема: „Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија“, jaвува МИА.

На отворањето на настанот, директор на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, соопшти дека анкетата за деловната клима во Северна Македонија, која веќе 17 години по ред ја спроведуваат Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение и оваа година со најслаба оценка ја оценува првната сигурност од страна на претставниците на стопанството.

Првната сигурност оценета најслабо на анкетата за деловната клима во Северна Македонија на Делегацијата на германското стопанство

– Воедно во изминатите години се соочивме со повеќе барања од страна на компании-членки кои имале проблем со спроведување на закони, барање на поткуп, одложувале на судски спорови. Не радува слухот на Владата со која веднаш по излегувањето на овие резултати наидовме на заедничко гледиште дека во најкус рок треба да се организира овој панел на кој ќе им се даде можност на претставниците од стопанството да информираат за предизвиците со кои се соочуваат во праксата, изјави Мартенс, се вели во соопштението од Делегацијата на германското стопанство.

Говорници на панелот беа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Министерот за правда, Никола Тупанчески, Судијата при Основен Суд Велес Александар Шопов, адвокатот Игор Александровски, како и Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит банка и медијаторката Јелисавета Георгиевска.

Вицепремиерот Маринчиќ, се вели во соопштението, говореше за транспарентноста и правна сигурност, како и за доближувањето на земјата до европското законодавство, мерките кои се преземаат за сузбивање на корупцијата и криминалот во стопанството.

Министерот за правда, Тупанчевски, говореше за дигитализацијата во судството и придобивките во однос на транспарентноста и намалувањето на корупцијата.

Судијата Шопов информираше за најголемите предизвици во судството за стопанствениците. Тој порача дека законите во земјата се мошне добри, голем дел од нив се прилагодени на европското законодавство, но промените настануваат со честите законските измени од кои честопати нема потреба.

Адвокатот Александровски, кој застапува повеќе германски инвеститори, ги сподели најголемите предизвици со кои се соочил и презентираше конкретни предлози како може некои процеси и процедури да се поедностават за компаниите-инвеститори.

Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит банка го презентираше законот за перење пари и неговата примената во праксата.

На крајот говореше и Јелисавета Георгиевска, медијатор. Георгиевска говореше за успешноста на медијацијата во Северна Македонија, дали е популарна таа алатка, кои правни механизми може да примени има еден медијатор.

Next Post

Утврден Предлог-законот за потрошувачи кој предвидува санкции за нечесни трговски практики

Shortcut

Најново

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk