Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ
Вознемирени се, многу се вознемирени. Штом се завиткани со вергини и руски знамиња, многу се вознемирени.
Ниту една вергина и квазипатриотизам нема да го замагли јасно изразениот и цврст став дека нема да се прифати ништо друго, ниту помалку од чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет.
Колку и да е широко руското знаме, ништо нема да го покрие јасно изразеното неприфаќање историските прашања да влезат во преговарачката рамка.
Северна Македонија мора да седи и да биде присутна на секоја маса на која се преговара за нејзината иднина.
Секој што поинаку мисли треба да знае дека секогаш, ама секогаш кога не било така, кога Македонија не била фактор во преговори, секогаш исходот бил лош.
Блиску сме до уште еден голем успех. Нашата земја никогаш немала ваква поддршка и уважување, без разлика на вревата што ја прават и маглата што ја сеат за да не се види и препознае таа поддршка.
На многумина ова им ги расипува математиките, ама тие се од оние што не можат да се помират дека иднината на нашата е дел од западно-европскиот и северно-атлантскиот концепт.
Текстот е личен став на Авторот.