Почнуваат 19-тите Медитерански игри во Оран, Алжир. Од 25 јуни до 5 јули ќе се натпреваруваат вкупно 3.434 спортисти, од 26 држави, во 24 спорта.
Македонија ќе има вкупно 77 спортисти, во ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), атлетика, пливање, стрелаштво, мечување, борење, карате, џудо и таеквондо.
Македонија досега два пати учествуваше на Медитеранските игри.
Во 2013 г. (Мерсин, Турција) освоивме 5 медели (1 сребрен и 4 бронзени), а во 2018 г. (Тарагона, Шпанија) освоивме 6 медали (2 златни, 1 сребрен и 3 бронзени).
Ацо Лукароски