ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Роберто или заминувањето на еден Слободар

Пред девет години, на 29 јуни 2013, почина Роберто Беличанец, македонски новинар и активист.

June 29, 2022 08:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Роберто Беличанец (фото: В. Џамбаски)

Роберто Беличанец (фото: В. Џамбаски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Посветено на Роберто Беличанец (Прилеп, 1 февруари 1972 – Скопје, 29 јуни 2013). Текстот за прв пат е објавен на 29 јуни 2013 година.

Ни отиде еден од најсилните, најзначајните луѓе во цивилниот сектор; отиде мојот драг пријател, Роберто Беличанец; а за неговиот животен крај, ред е да се напише нешто, затоа што ни остави големо дело кое нè научи како да се стане човек и како да се живее како човек.

Во моето сеќавање, Роберто Беличанец останува Слободар. Ни новинар, ни писател, ни демократско-политички активист, туку токму тоа: Слободар. Гoлемата почетна буква не е случајна: токму овој човек ги артикулираше јасно ставовите и мислите во ова одвратно време во кое Македонија почнува да исчезнува, а граѓаните се деградираат и срамотат тврдо и силно како никогаш во нивната пишана историја. И ти се појавува Роберто Беличанец, еден од најрелевантните, а повремено и најрелевантниот глас на Неприфаќањето, жив доказ дека Македонија може да биде граѓанска, демократска и со самосвест; држава која ќе биде место за писмени, нормални и информирани граѓани, а не трло за забудалена толпа која „мрда со усните додека чита“,т.е. додека одушевено ги вреска слоганите на омраза и дискриминација.

Се сеќавам на денот кога се запознавме во едно кафуле на плоштадот Македонија, пред некои пет години; влезе со срдечна насмевка, нарачавме пиво и разговаравме со таква отвореност и широчина од која човек добива впечаток како да се познавате цел живот. Таа отвореност е токму онаа алка што го надополнува секој човек – исполнет со светол и луциден дух – или она што се нарекува либерална левица. Феноменален човек, кој додека го слушаш имаш впечаток дека читаш нешто што би изгледало „како на запад“, ама со интелектуален штих: деконструкција, хумор, малку Славој Жижек… Гламур на телото и духот! Во таква конкуренција, сите останати беа мали и сиромашни. Кога ваква Фибра еднаш ќе исчезне, кога ќе се изгаси, ништо слично нема да се повтори, ниту во неговиот роден Прилеп, а ниту во неговото Скопје. Никогаш нема да се повтори ваков човек, толку (со покритие!) амбициозен, толку непровинцијелен Слободар.

Од неговите почетоци во Фокус, низ годините, па до самиот крај, на Скопје му требаше еден Роберто – суптилен и паметен „дојденец“ – за да ги раздрма скриените „стари скопјани“ кои низ разните ќумбиња и подруми чекаат да помине историското невреме – ех, ете ја „нашата“ или „вашата“ типична „скопска“ приказна…

Зборовите на Роберто, секаде и во секоја прилика, беа страшно остроумни, беспоштедно проникливи и интелектуално нонконформистички, зборови кои денес треба со уште поголемо внимание да ги помниме и исчитуваме, затоа што уште денес, а богами и во деновите кои доаѓаат, работите (ќе) испливуваат на површина, работите за кои Роберто Беличанец ни зборуваше одамна. Тој и уште неколку соборци правеа трибини на кои предупредуваа за сето ова што денес го живееме: дебатите беа извонредни, вистински модерни, неоптоварено космополитски и во најдобра смисла на зборот елитистички.

Кога еден октомвриски ден ми заsвони Роберто да одиме на Саемот на книга во Белград, веднаш почнав да се радувам: ќе биде ова лек за душата, си реков, ем ќе се смееме, ем ќе изнакупиме книги. Кога сега размислувам за тоа, тој ми понуди еден од најголемите сувенири што можев да ги добијам. Ден и пол феноменална дружба низ бившо-југословенската метропола, шеткање од штанд до штанд, јадење скара, смеење, разговор за речиси сите невралгични вратоломии на власта… На враќање, по излезот од Белград, веднаш после наплатната рампа нè стопираа двајца полицaјци. Запревме, ги гледавме бегло и се изнасмеавме – и овде ли бре нè нaјдовте! – и продолживме да се смееме. „Можете ли да нè однесете до Ниш, нè зeзна превозот“, ни рекоа, а Роберто како од пушка: „Упадајте, Јарани!“ Двајцата полицајци не претнаа цело возење до Ниш, спиеја, а немаше смисла да ги будиме. Излеговме од кола за да се напиеме кафе пред бензинската пумпа во Ниш, а низ излогот јас и Роберто ги гледавме двајцата заклучени полицајци во кола и се смеевме испивајќи го кафето: „како од некој српски филм сме“, рече Роберто, „полицијата внатре, а ние надвор, слободни!“

Го познавав лично Роберто Беличанец. За него знаев некои релативно многу. Дали и најбитното? За мене тој ќе остане човек кој беше светлина во мрачниве времиња. Човек кој за мене претставуваше духовна сила и енергија која ја конзумирав секогаш кога имавме можност да се видиме, како лек за душа. Со јасен став за осетливи прашања, со силен сензибилитет и со несвитлива кичма – во нејакава државичка ваквите луѓе претставуваат товар – немам поим зошто, дали е од дремката, дали е од константната џмурливост, дали можеби навистина сите чекаат да измине историскава Свињарија за да почнеме да живееме понормално, кој ќе знае… Роберто, Слободару, твојот пријател ти посакува лесна земја. Никогаш нема да те заборавам!


Преземено од Окно.мк. 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk