Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во добиениот француски предлог за тргање на бугарското вето за ЕУ се инкорпорирани нашите забелешки и оти претставува солидна основа за градење став.
Изјавата тој ја даде по средбата со коалициските партнери на која министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ го образложиле предлогот во детали, имајќи ги предвид и нашите стратешки определби.
Ковачевски рече дека ова е прва од низата средби што ќе се одржат во врска со предлогот: со претседателот на државата, со опозицијата, граѓанското општество, медиумите…/MИА/.