ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште

July 1, 2022 15:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе започна со доделување на договорите за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари за обработка на житни култури.

Распишаниот јавен оглас беше распореден во 14 региони низ државата и на располагање нудеше земјоделска површина од 5.722 хектари. Овој јавен оглас предизвика голем и до сега рекорден интерес кај земоделците со дури 258 склучени договори за закуп.

Наменски го објавивме овој оглас за да ги зголемиме обработливите површини под стратешки култури и во тоа успеавме. Токму ова беше нашата цел преку Националниот план за производство на храна, да обезбедиме нови земјоделски површини и да го зголемиме домашното производство за обработка на стратешки култури. Ова е денес прашањето кое целиот свет го мачи, предизвик пред кој секоја земја е исправена, како последица од војната во Украина. Како да се стабилизира домашното производство и да обезбедиме доволно храна, изјави министерот Николовски на денешниот настан.

Министерот Николовски потенцира дека министерство навремено креираше мерки за поддршка, донесувајќи го Националниот план за производство на храна, во кој има мерки за поддршка на земјоделците при набавка на вештачко ѓубриво, мерки за зголемуивање на приносот од стратешки култури, давање на нови дополнителни хектари земјоделско земјиште за обработка, мерки за сточарите, мерки за поддршка до секој еден земјоделец.

Секој од нас мора да биде одговорен и на висина на својата задача. Мораме да бидеме здружени и обединети бидејќи само така полесно ќе ја поминеме оваа криза. Од вас барам, и на тоа како министерство ќе инситираме цело време, произведените житни култури најпрво да ги дадате во домашни преработувачки капацитети. Така е чесно и одговорно кон сите граѓани, бидејќи мерките кои ги даваме до секој земјоделец се од парите на сите граѓани. Мораме сега сите да си помогнеме, рече министерот Николовски.

„Не оставаме ниту една педа земја необработена и веќе денес истекува и рокот за аплицирање на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади распоредено во 31 регион низ државата со вкупна површина од 4.294 хектари земјиште кое го ставаме на располагање.

Активни до 21 јули се и двата јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Вкупно на располагање преку овие два огласи ставаме 3.769 хектари државно земјоделско земјиште.

МЗШВ прави се, за да обезбеди доволно храна за сите. Ги повикуваме земјоделците да ги следат јавните повици и максимално да ја искористат секоја мерка која се носи за поддршка на секој еден земјоделец. Она што ќе го произвеме да го зачуваме дома, во нашите домашни преработувачки капацитети. Сплотени заедно да се избориме со оваа криза“, истакнуваат министерот Николовски .

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk