ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Ако кажеме „да“, веднаш се усвојува рамката и со одржувањето на првата меѓувладина конфереција официјално почнуваат преговорите

July 1, 2022 21:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако кажеме „да“, веднаш се усвојува рамката, а утредента може да се одржи прва меѓувладина конференција. ЕУ ќе каже „Добредојдовте на отворањето на преговорите за Република Северна Македонија“ и таа е изјавата за отворање на конференцијата и за почеток на скринингот. Почнуваат преговорите како што ги имаат почнато сите земји, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи, jaвува МИА.

Тој, во емисијата Топ тема на Телма ТВ, рече дека во процесот на пристапување кон ЕУ досега немало земја која немала некаков специфичен момент, и речиси кај секој посебен процес на пристапување Брисел измислува некое креативно решение.

Министерот појасни дека се бараат измени на две места во Уставот во преамбулата каде стои „македонски народ, дел од албански народ, турски народ, српски, ромски, влашки, бошњачки итн“ да се додаде и „дел од црногорски народ, хрватски народ, бугарски народ“ и потоа во амандман 12 каде што е Комитетот за етнички заедници после сите наброени да стои „дел од црногорски народ, хрватски народ, бугарски народ“.

– Тоа е најелементарно право, реално ние немаме одговор на прашањето кон Црногорците, кон Бугарите зошто се другите а не се тие. Мислам дека е наш државен интерес тоа да се случи, рече Османи.

Во однос на Протоколот што го договоривме со Бугарија, рече Османи, тој е засебен, финален продукт и не е во рамката. Тоа е билатерален документ, обврска од Договорот за добрососедство.

Сега, како што појасни министерот Османи, овој нов протокол ги третира прашањата од пакетот 4+1.

– Тој пакет кој го разговараме две години обезбедивме да не биде дел од европскиот процес. Во делот на историската комисија не дава рокови кога треба да заврши. Има две формулации во кои вика „ја охрабруваме комисијата да ја забрза својата работа, да има 8 до 12 средби во текот на годината“. Има еден рок, а тоа е за средниот век, вика „да ја завршат за една година бидејќи подогло време се разговара“. Но, не е рок ако се охрабрува. Се дава желба политичка да се забрза тој процес, но тоа не е задолжување. Јас утре ќе го објавам текстот, најави министерот.

Во протоколот, како што додаде Османи, е предвидено да се отворат архивите за период од 45-та до 91-ва, но во рок од една година да донесат законски можности за пристап до архивите двете страни.

– Историската комисија, говор на омраза, пристап до архиви, рехабилитација на жртви на двете страни. Ќе ги отворат архивите за период од 45-та до 91-ва, но во рок од една година да донесат законски можности за пристап до архивите двете страни. Тоа е предвидено во тој протокол. Во делот на рехабилитација на жртви на комунизмот реафирмација на изјавата на Парламентот од 2006 година и во делот на недисркриминација на бугарската заедница и можностите да се интегрираат во системот, појаснува Османи.

Тесктот, вели тој, е реципрочен, односно доминира реципроцитет во овој протокол.

– Ова е билатерален протокол во кој се адресираат прашањата кои ги разговараме година ипол во рамки на тој пакет, а не е дел од преговарачката рамка, дополни Османи.

Според него, доколку добие „зелено светло“ од Владата за целиот пакет, веднаш треба да свикаме меѓувладина комисија со Бугарија, да го потпишеме и може истиот ден преговарачката рамка да се усвои во Брисел.

– Тоа се два различни процеса, но заради доверба така се врзани. Ние тука го потпишуваме протколот, ЕУ ја усвојвуа рамката можеме наредниот ден да ја почнеме првата меѓувладина конференција и со тоа почнува одбројувањето до членството во ЕУ, појасни Османи, додавајќи дека од нас зависи кога ќе дадеме одговор на предлогот.

Нагласи дека се спремни да одат во Собрание во кој било формат со документи и образложенија, доколку пратениците сметаат дека треба повторно да се гласа и најави оти ќе оди во седиштата на партиите за консултации.

– Ако хипотетички Собранието, Владата даде „пас“, ние веќе можеме веднаш со ЕУ да договориме, они да свикаат корепер, да ја усвојат рамката и уште во текот на оваа недела да ги почнеме преговорите после 17 години чекање. Тоа ќе биде историски пресврт во вкупните општествени процеси во државата, заклучи Османи.

Next Post

Тренчевска : Градење на систем кој што гарантира постојан раст на платите во јавниот сектор е решение на долг рок

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk