ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

По одлука на научна комисија: Гарантирана заштитата и самостојноста на македонистиката во Франција

Гаранција за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на еден од најпрестижните образовни и научни центри во Европа

July 3, 2022 11:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Гаранција за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на еден од најпрестижните образовни и научни центри во Европа.

По одлука на научна комисија, гарантирана е заштитата и самостојноста на македонистиката како научна дисциплина во Франција. Во изминатиот период се остварени значајни постигнувања во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз. Сега се отвораат и нови перспективи за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура – вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција е исклучително голем успех.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) ја поздравува одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект за картографирање на ретките дисциплини во Франција и Германија. Со ова, на реномираниот ИНАЛКО во Париз, македонистиката доби статус со којшто не само што е гарантирана нејзината заштита и зачувување, туку е гарантирана и нејзината самостојност – со неможност да се спои со други студии. Значајно е и што ваквиот статус подразбира и можно проширување на студиите по македонистика, со обезбедена финансиска помош. МСМЈЛК при УКИМ, како и досега, постојано, и преку лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО ќе го остварува својот максимум за изучувањето на македонистиката и за вложување во нејзините натамошни перспективи.

„Во период кога веќе ги планираме активностите за одбележување половина век изучување на македонистиката на ИНАЛКО во текот на следната година, од Париз пристигна оваа значајна вест, којашто радува, но и обврзува на уште поинтензивни натамошни активности. На ИНАЛКО, македонистиката се изучува во рамките на сите циклуси академски студии – од лиценца до докторат. Веќе неколку години функционира и одделна професорска катедра за македонистички студии – првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја. Но, вклучувањето на македонистиката во олку важен проект и добивањето статус којшто дава гаранции и за нејзината иднина на ИНАЛКО е посебен успех – уште еден показател и на поддршката којашто македонистиката ја добива на оваа врвна образовна и научна институција во Франција.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по повод веста којашто пристигна од Париз.

Мојсова-Чепишевска упатува и благодарност.

„Од името на МСМЈЛК при УКИМ, одделно упатувам голема благодарност и изразувам голема почит до проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од ИНАЛКО, којашто ја покрена и се залагаше за прифаќање на иницијативата македонистиката да биде препознаена како ретка дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување и да биде вклучена во овој голем проект со одлука на научна комисија. Но и не само за тоа, туку и за сите нејзини загалагања години наназад, со коишто се остварија низата успеси за македонистиката на ИНАЛКО, како и за севкупната поддршка за лекторатот по македонски јазик во остварувањето на неговата мисија. Соработката со проф. д-р Пејоска-Бушро и нејзините залагања се еден од примерите коишто покажуваат дека содејството со поддржувачите и посветениците на македонистиката коишто се дел од академската средина на големите образовни и научни центри ширум Европа и светот е гаранцијата за перспективите на македонистиката на меѓународен план.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО работи од 1973 година, а во моментот лекторската настава ја изведува м-р Ѓоко Здравески. Од париската Катедра за македонистика, МСМЈЛК при УКИМ очекува и тројца учесници на претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид.

Според информациите коишто доаѓаат од Париз, проектот којшто има за цел да ги мапира ретките научни дисциплини се очекува да се прошири во сите европски земји, со што можностите за зајакнување и афирмација на македонистиката на образовните и научни центри ширум Европа преку овој проект ќе бидат и поголеми.

Next Post

Протераните 70 руски дипломати и нивните семејства попладнево со два авиона ќе заминат од Софија

Shortcut

Најново

Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk