ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Милиони Кинези во карантин поради новите случаи на коронавирусот

July 6, 2022 09:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Десетици милиони Кинези денеска се во „локдаун“ поради коронавирусот, со нови жаришта на епидемијата регистрирани во туристичкиот центар Сијан, како и во најголемиот кинески град Шангај.

Здравствените власти соопштуваат за повеќе од 300 инфицирани, што предизикува стравувања од повторно наметнување сеопфатни ограничувања.

Новите случаи и одговорот на властите ги продлабочуваат стравувањата дека Кина би можела да ги врати строгите ограничувања какви што беа воведени на почетокот на годинава кога политиката „нулта ковид“ со месеци држеше затворени десетици милиони луѓе.

Жители на Шангај објавуваат статуси на социјалните мрежи дека почнале да добиваат храна преку организираната достава, што е враќање на „локдаунот“.

По наглото зголемување на бројот инфицирани властите покренаа нов круг масовно тестирање во повеќе од половина од градските населби, затворајќи ги сите караоке-барови откако е утврдена поврзаност на некои од случаите со шест такви угостителски објекти.

Историскиот град Сијан, инаку Домот на теракотните војници, на крајот на минатата година беше во целосен „локдаун“, а сега повторно е под „мерки за привремена контрола“, откако од саботата во 13-милионскиот град беа потврдени 29 случаи на Ковид-19.

Од вечерва на полноќ во градот се затвораат јавните места за забава, вклучувајќи ги пабовите, интернет-кафулињата и караоке-баровите.

Државните медиуми објавуваат снимки од граѓаните на Сијан како чекаат ред за тестирање, притоа информирајќи дека градот не е во „локдаун“.

„Сите позитивни случаи се од варијантите БА5.2 омикрон, а работата на епидемиолошкиот мониторинг сè уште е во полн ек“, беше истакнато на редовниот брифинг на кинеските здравствени власти.

Новите случаи на коронавирусот се сметаат за повторен предизвик за претседателот Си Џинпинг, кој минатата недела ја потврди својата решеност да ја елиминира ковид-заканата и покрај големата економска цена на мерките за сузбивање на епидемијата.

Јапонската банка „Номура“ проценува дека најмалку 114,8 милиони луѓе низ Кина од понеделникот се во целосен или делумен „локдаун“, што е остар скок од минатонеделните 66,7 милиони.

Од минатата седмица се пријавени повеќе од илјада нови случаи на коронавирусот во централната провинција Анхуи, од каде десетици се прелеале во провинцијата Џиангсу на самата граница со Шангај, со што е загрозен главниот производствен регион во делтата на реката Јангце./МИА/

Next Post
Дејвид Гир. Фото: МИА

Гир: Ги осудувам синоќешните сцени на насилство во Скопје против полицијата

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk