Бројот на загинати од руски ракетен напад врз станбена зграда во градот Часив Јар, регионот Доњецк, достигна 35. Ова го соопшти главниот оддел на Државната служба за итни случаи во регионот Доњецк, пренесува Укринформ.
„До 11 часот, телата на 35 загинати лица, меѓу кои и едно дете (9-годишно момче) беа пронајдени и извлечени од урнатините на петкатната станбена зграда уништена од гранатирање во Часив Јар. Девет лица се спасени од урнатините. Извршено е демонтирање на повеќе од 320 тони уништени градежни компоненти“, се вели во извештајот.
Спасувачките работи се во тек.
Вечерта на 9 јули, руските напаѓачи со Uragan MLRS погодиле петкатна станбена зграда во областа Часив Јар во Доњецк. Два влеза во зградата се целосно уништени.
Ј. Ѓ.