ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“

July 12, 2022 15:44
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Предметот со културното наследство познат како „Ниџе“, за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кон крајот на септември минатата година отвори истрага против осум лица, денеска во Основниот кривичен суд заврши со пресуда.

Како што информира Јавното обвинителство, откако шестмина обвинети во фаза на оценка на обвинителен акт признаа вина и во мај годинава се спогодија со јавниот обвинител Маја Конеска, денеска на главна расправа во Основниот кривичен суд – Скопје останатите двајца обвинети признаа дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување“ и кривично дело „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Обвинетиот Б.К., како што се наведува, призна дека сторил и кривично дело „Прикривање“, а обвинетиот Н.Л. и кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. За кривичните дела што им се ставаат на товар, судот донесе пресуда со која на обвинетиот Б.К. му изрече единствена казна затвор во траење од четири години, додека на Н.Л. казна затвор во траење од една година и шест месеци.

– Б.К. и Н.Л. како членови на група, заедно со организаторите и припадниците на групата кои се сега осудени, вршеле кривични дела против културното наследство во период од мај 2020 година до крајот на септември 2021 година. Во рамките на криминалната група секој од припадниците на групата имал точно дефинирана улога според која дејствувал. Заедничката цел на групата била илегално истражување, копање на археолошки локалитети на македонската територија, прикривање во сопствените домови, нудење на продажба на заинтересирани купувачи и продавање на добра – културното наследство сопственост на Северна Македонија, стои во соопштението.

Лицето Б.К. како припадник на групата, за да придонесе во заедничката цел на групата, во сопствениот дом прикривал археолошки предмети илегално ископани од археолошки локалитети и ги нудел на продажба на заинтересирани купувачи од странство. Обвинетиот Н.Л., пак, без дозвола од надлежен државен орган вршел истражување на археолошки локалитети и локалитети што содржат природни реткости, недозволено ископувал, присвојувал и нудел на продажба добра, споделувал информации и возвратно добивал координати од непознати припадници на групата од други земји.

За останатите обвинети, во мај годинава, судот донесе пресуди врз основа на предлог спогодби со кои обвинетите ги огласи за виновни и им изрече казни. Д.Р. како организатор на криминалната група е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години за сторени кривични дела „Злосторничко здружување“, „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „Прикривање“..

К.Т. како организатор на криминалната група е осуден на единствена казна затвор во траење од четири години за сторени кривични дела „Злосторничко здружување“, „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На З.Т., С.К., П.М. и Ѓ.П. судот им определи алтернативни мерки условни осуди за сторени кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, Ѓ.П. освен за погоре наведените кривични дела е осуден и за „Прикривање“. За З.Т. и С.К. е утврдена единствена казна затвор во траење од една година и два месеци која казна нема да се изврши доколку обвинетите во рок од четири години не сторат ново кривично дело, додека за П.М. и Ѓ.П. е утврдена единствена казна затвор во траење од една година и еден месец која казна нема да се изврши доколку обвинетите во рок од четири години не сторат ново кривично дело.

Одземените предмети и добра, како и средствата со кои осудените ги извршиле кривичните дела со одлука на судот се одземаат, се наведува во соопштението од Јавното обвинитество./МИА/

Next Post

Абазовиќ: Црна Гора ја гледам како дел од ЕУ, Хрватска ни е мотиватор да ги завршиме задачите

Shortcut

Најново

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk