ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ објави предлог-заклучоци со кои се задолжува Владата: Нема преговори со ЕУ за македонскиот јазик, идентитет и култура (ВИДЕО)

July 14, 2022 15:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието, на прес-конференција ги презентираше предлог-заклучоците на владеачката коалиција за францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Водејќи се од врвните национални и државни интереси, истакна Митрески, стратешката определба за членство во ЕУ со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност, Пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од владејачкото мнозинство, предлага заклучоци за заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија, преку државната делегација за преговори со ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за надворешни работи и експертскиот преговарачки тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската унија. Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, на 29 јули 2021 година.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија:

А. Во Преговарачката рамка, Македонскиот јазик да биде наведен без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата при склучувањето на било какви договори, спогодби и документи со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите да се потпишат со поименично наведување на Македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за Македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Б. Се задолжува Владата билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската унија.

В. Преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

Г. За одржувањето на првата Меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори и скрининг процесот и следната Меѓувладина конференција за комплетирање на отворачката фаза на преговорите, согласно предлогот на Француското претседателство со ЕУ, да се донесат одлуки веднаш за да истите не зависат од донесување на дополнителни одлуки од страна на земјите членки.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија горенаведените Заклучоци да ги вгради во Отворачката Изјава на Република Северна Македонија на првата Меѓувладина конференција со Европската унија.

Се задолжува Владата на Република Северна Македонија редовно и континуирано да го информира Собранието на Република Северна Македонија за текот на пристапните преговори, вклучително и процесот на скрининг како прва отворачка фаза на пристапните преговори, како и за одвивањето на Меѓувладините конференции за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Време е за одлука. Преку усвојување на заклучоците, кои ќе бидат задолжителни за сегашната но и за секоја идна Влада да се обезбеди европскиот пат на земјата со безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои во ниту еден момент не се преговара и никој никогаш не може и не смее да преговара.

Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес во работата на Собранието, поагајќи од стратешките и националните интереси за членство на РСМ во ЕУ да ја задолжи Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси и да се усвои преговарачката рамка со вградени европски принципи и стандарди како и копенхашките критериуми за членство согласно со спецификите и постигнатите резултати,истакна Митрески.

 

Next Post

Мицкоски едно зборува на протести, друго во Собрание, ако се појави, а трето на средби со странските дипломати

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk