ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ја почна 81-та седница, веднаш дадена едночасовна пауза

July 14, 2022 15:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Само што почна 81-вата седница, на која треба да се разгледа Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската унија на 30 јуни 2022 година, Собранието е на едночасовна пауза по барање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во процедурално барање истакна дека е исклучок да се прекинува пленарната седница за претресот на ребалансот, која вообичаен се одржува пет работни дена непрекинато, заради некоја друга седница, за која кажа дека треба да се донесе одлука што не е во надлежност на Собранието.

-Ова е многу редок исклучок кога овие пет работни дена се прекинуваат за седница која нема апсолутно врска со одлука на Собранието. Вообичаен заклучоци се разгледуваат на комисија, па дури потоа доаѓаат на пленарна седница. Тоа е вообичаена пракса, а ова го правите само за да избегнете широка јавност и транспарентност на овој подмолен процес. Сакам да ви порачам дека ниту еден документ кој вие би го потпишале, изгласале, протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и најбитниот печат, а тоа е печатот и дозволата на македонскиот народ, рече Стојановска и го искина документот за кој рече дека е лажен и не е документ по кој денеска ќе расправа Собранието.

Поради тие причини, нагласи, ќе побарам пауза која можеби ќе ве предомисли и ќе одлучите да го вратите овој, како што рече „ништовен, понижувачки и подмолен документ во Владата зашто се работи на меѓувладина конференција“.

-Не треба Владата тука да го подметнува и вие како современи македонски администратори да давате изим на ваков криминал и на вакво предавство, им порача Стојановска на пратениците

Претседателот на Собранието Талат Џафери оцени дека ова е најдемократската можност што може да се случи во законодавниот дом и додаде дека пратеничката бара пауза по погрешен член од Деловникот, но сепак даде едночасовна пауза по која треба да продолжи разгледувањето на единствената точка на дневен ред./МИА/

Next Post

СДСМ објави предлог-заклучоци со кои се задолжува Владата: Нема преговори со ЕУ за македонскиот јазик, идентитет и култура (ВИДЕО)

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk