Крајно непрофесионален гаф на портпаролката на ЕК со кој предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ и кај сите граѓани на државава, напиша на Фејсбук, Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
Европската Комисија мора веднаш да се корегира после ваквите изнесени невистини и да преземе мерки против ваквото неодговорно однесување на портпаролка која неподготвена излегла да зборува спротивно од фактите и спротивно од нејзината претпоставена, пишува во објавата.