ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните

July 18, 2022 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Ото Граф, на која разговараа на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопштија од МТСП, на средбата се разговарало за законското решение недела ден на неделен одмор, со кое се предвидува денот недела да биде неработен ден за сите освен за оние дејности каде поради техничко-технолошки причини процесот не смее да биде запрен, како и за исклучоците кои се наведени во законот.

Тренчевска појаснила дека законското решение предвидува одредени линии во одделни дејности да можат да работат доколку се од витално значење за функционирање на компанијата. Нагласила дека работењето во недела треба задолжително да биде пријавно во Државниот инспекторат на трудот, електронски на веб страницата на инспекторатот.

На средбата се разговарало и за социјалната инклузија на лицата со попреченост на пазарот на труд.

– Владата и Министерството се залагаат за поголема вклученост на лицата со попреченост на пазарот на труд. Министерството подготвува законско решение кое е во насока на унапредување на правата на лицата со попреченост во смисла на вработувањето. На носењето на ова законско решение ќе претходи широка јавна дебата со сите засегнати чинители во општеството, со цел креирање на заедничко решение кое ќе одговори на потребите во општеството, истакнала Тренчевска.

Била отворена и темата за социјалната состојба на граѓаните, на што министерката Тренчевска дала осврт на досегашните преземени мерки на Владата кои ја потврдија својата ефикасност, наменети за ранливите категории на граѓани и компаниите погодени од кризата. Таа информирала дека со ребалансот на буџетот се предвидени дополнителни средства за мерки кои ќе го олеснат премостувањето на економската и енергетска криза особено за зимата која следи, а за која се очекува да биде тешка.

Соговорниците изразиле уверување дека добро воспоставената соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.

Next Post

Побрз проток на патници на Табановце и нови зелени коридори како дел од Отворен Балкан

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk