Договорот со FRONTEX ќе биде потпишан на македонски јазик без фусноти, без ѕвездички и додавки, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и нагласи дека Северна Македонија може да смета на нејзината поддршка во врска со тоа.
Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за FRONTEX. Се работи за распоредувањето на FRONTEX во Северна Македонија што ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар, нагласи фон дер Лајен, можете да сметате на мојата поддршка за да се осигураме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици“, истакна Фон дер Лајен.
Ј. Ѓ.