Претседателката на Европската Комисија Кристина фон дер Лајен пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, истакна дека ова е историски момент за Албанија и Северна Македонија и дека денеска двете држави ги отвараат пристапните преговори за членство во ЕУ.
„Премиере Рама, премиере Ковачевски, каков историски момент. денес Албанија и Северна Македонија ги отвараат пристапните преговори за членство во ЕУ и драго ми е што сум тука со вас. Ова е ваш успех, успех за вашите граѓани. Вашиот народ работеше многу за да стигне довде и покажавте истрајна посветеност на нашите вредности. Покажавте отпорност и ја задржавте вербата во пристапниот процес. Го зацврстивте владеењето на правото се боревте против корупцијата. Имате слободни медиуми, имате добро граѓанско општество, бројни реформи и ја модернизиравте вашата економија. Ги направивте овие промени не само зашто беа потребни на вашиот пат кон ЕУ, туку пред сè затоашто се добри за вашите земји и тие веќе испорачуваат поквалитетен живот за вашите граѓани. Европската комисија ве поддржуваше на европскиот пат и ќе продолжиме да ве поддржуваме.“, истакна фон дер Лајен.
Таа нагласи дека одма после, меѓувладината конференција денеска, Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне а тоа е првиот чекор на процесот
„Веднаш по меѓувладината конференција денеска, Комисијата и преговарачките тимови од Албанија и Северна Македонија ќе започнат со работа. Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне, а тоа е првиот чекор на процесот и ќе им овозможи на Албанија и Северна Македонија да се запознаат со правата и обврските на ЕУ. Од спогодби, прeку законодавство, меѓународни договори и ќе продолжиме многу брзо со сето тоа“, рече фон дер Лајен.
Taa истакна дека договорот со FRONTEX ќе биде потпишан на македонски јазик без фусноти, без ѕвездички и додавки, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици.
„Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за FRONTEX. Се работи за распоредувањето на FRONTEX во Северна Македонија што ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар, нагласи фон дер Лајен, можете да сметате на мојата поддршка за да се осигураме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици“, истакна таа.
Претседателката на Европската комисија потенцира дека сега двете земји ќе почнат да ги осеќаат придобивките, ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како што се енергетиката и транспортот
„Последната работа е дека придобивките ќе се зголемуваат онака како што ќе напредувате со преговорите. Ќе има зголемени инвестиции, подобрена, подобрени трговски врски, побlиска соработка во клучни области како што се енергетиката и транспортот. Ќе го максимизирате ефектот од финансиите од ЕУ. Тоа значи нови работни места нови бизнис можности и ова е што вашите граѓани го чекаат толку долго и за што работеа толку напарно и ова е она што го заслужуваат.
Премиере Рама и Ковачевски – покажавте лидерство, покажавте визија, покажавте стратешко трпение. Во време на руската брутална војна покажавте дека сте вистински пријатели и партнери со ЕУ и сакам да ви се заблагодарам за тоа.
Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат тоа и еден ден сите ќе застанеме да ги пречекаме Северна Македонија и Албанија како полноправни членки на ЕУ“, потенцира фон дер Лајен.
Ј. Ѓорѓиоски