ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен: Каков историски момент – денес Албанија и Северна Македонија ги отвараат пристапните преговори за членство во ЕУ

July 19, 2022 10:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската Комисија Кристина фон дер Лајен пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, истакна дека ова е историски момент за Албанија и Северна Македонија и дека денеска двете држави ги отвараат пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Премиере Рама, премиере Ковачевски, каков историски момент. денес Албанија и Северна Македонија ги отвараат пристапните преговори за членство во ЕУ и драго ми е што сум тука со вас. Ова е ваш успех, успех за вашите граѓани. Вашиот народ работеше многу за да стигне довде и покажавте истрајна посветеност на нашите вредности. Покажавте отпорност и ја задржавте вербата во пристапниот процес. Го зацврстивте владеењето на правото се боревте против корупцијата. Имате слободни медиуми, имате добро граѓанско општество, бројни реформи и ја модернизиравте вашата економија. Ги направивте овие промени не само зашто беа потребни на вашиот пат кон ЕУ, туку пред сè затоашто се добри за вашите земји и тие веќе испорачуваат поквалитетен живот за вашите граѓани. Европската комисија ве поддржуваше на европскиот пат и ќе продолжиме да ве поддржуваме.“, истакна фон дер Лајен.

Таа нагласи дека одма после, меѓувладината конференција денеска, Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне а тоа е првиот чекор на процесот

„Веднаш по меѓувладината конференција денеска, Комисијата и преговарачките тимови од Албанија и Северна Македонија ќе започнат со работа. Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне, а тоа е првиот чекор на процесот и ќе им овозможи на Албанија и Северна Македонија да се запознаат со правата и обврските на ЕУ. Од спогодби, прeку законодавство, меѓународни договори и ќе продолжиме многу брзо со сето тоа“, рече фон дер Лајен.

Taa истакна дека договорот со FRONTEX ќе биде потпишан на македонски јазик без фусноти, без ѕвездички и додавки, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици.

„Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за FRONTEX. Се работи за распоредувањето на FRONTEX  во Северна Македонија што ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар, нагласи фон дер Лајен, можете да сметате на мојата поддршка за да се осигураме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици“, истакна таа.

Претседателката на Европската комисија потенцира дека сега двете земји ќе почнат да ги осеќаат придобивките, ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како што се енергетиката и транспортот

„Последната работа е дека придобивките ќе се зголемуваат онака како што ќе напредувате со преговорите. Ќе има зголемени инвестиции, подобрена, подобрени трговски врски, побlиска соработка во клучни области како што се енергетиката и транспортот. Ќе го максимизирате ефектот од финансиите од ЕУ. Тоа значи нови работни места нови бизнис можности и ова е што вашите граѓани го чекаат толку долго и за што работеа толку напарно и ова е она што го заслужуваат.

Премиере Рама и Ковачевски – покажавте лидерство, покажавте визија, покажавте стратешко трпение. Во време на руската брутална војна покажавте дека сте вистински пријатели и партнери со ЕУ и сакам да ви се заблагодарам за тоа.

Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат тоа и еден ден сите ќе застанеме да ги пречекаме Северна Македонија и Албанија како полноправни членки на ЕУ“, потенцира фон дер Лајен.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Државен архив: Ќе се дигитализира целокупното творештво на браќата Манаки

НАЈНОВО

МИА

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје

November 7, 2025
ВИ

ЕУ планира да испрати воени инструктори во Украина по завршувањето на војната, како дел од безбедносните гаранции

November 7, 2025
ВИ

ЕУ воведува построги визни правила за руските државјани поради зголемен безбедносен ризик и саботажи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk