ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Михајловиќ: Градиме гасна интерконекција со Бугарија, наскоро и со Северна Македонија

July 19, 2022 19:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за енергетската безбедност на Србија е важно да има можност од повеќе снабдувачи со гас, поради што покрај градбата на гасна интерконекција со Бугарија, Србија забрзано се подготвува за изградба на интерконекција и со Северна Македонија, за што до септември ќе аплицира за средства од ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не е спорно дека на рускиот гас сигурно ќе сметаме и во иднина, но за нашата земја е многу важно да имаме можност да избираме добавувачи, а тоа ќе го имаме кога ќе ја завршиме гасната интерконекција меѓу Србија и Бугарија. Капацитетот на новиот гасовод е 1,8 милијарди кубни метри, што значи дека почнувајќи од следната зима, Србија може да размислува за добивање најмалку 30 или 40 отсто од своите годишни потреби, кои сега се движат од три до 3,2 милијарди кубни метри, и од други извори, рече Михајловиќ.

Тоа, како што истакна таа, би значело Србија да не зависи од тоа што ќе се случи следната година, а од друга страна, дава можност државата да биде транзит земја за природен гас, како што е транзитна рута во транспортот, бидејќи има изградено патишта.

-Наша задача е да изградиме инфраструктура – градиме интерконекција со Бугарија, забрзано се подготвуваме за изградба на интерконекција со Северна Македонија, за што до септември ќе аплицираме за средства од ЕУ, работиме на техничка документација за гасовод со Романија, разговаравме со Босна и Херцеговина, сакаме да го направиме тоа и со Хрватска, и практично да се поврземе со целиот регион, изјави Михајловиќ за ТВ Танјуг.

Запрашана за тврдењата дека диверзификацијата не е можна бидејќи нема доволно гас од други извори, Михајловиќ рече дека енергетиката отсекогаш била поврзана со разни лобија и политики, дека има различни интереси, но дека суштината е она што и треба на Србија и која е политика на Србија во областа на енергетиката.

-Србија за да биде енергетски безбедна мора да има повеќе правци за прилив на гас, што го направивме и денес се снабдуваме и преку Унгарија и преку Бугарија, и од повеќе добавувачи, на што во моментов работиме. Со Азербејџан водиме разговори за што е можно поскоро потпишување на договори за капацитети за следната година кога ќе биде завршена интерконекцијата со Бугарија, рече Михајловиќ.

Таа додаде дека за долгорочна енергетска безбедност потребно е Србија да има и сопствено складиште за гас, поради што планот е да се изгради ново складиште во Итебеј, со капацитет од една милијарда кубни метри гас, што би бил во целосна сопственост на Србија.

Next Post

Стапалки од диносаурус стар 100 милиони години откриени во југозападна Кина

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk