ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама му се заблагодари на албанскиот народ за трпението а на европските челници за поддршката

July 19, 2022 12:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Еди Рама, во пресрет на почетокот на Првата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, денеска му се заблагодари на албанскиот народ за трпението на долгиот пат кон европската интеграција и на оние кои, како што рече, и помогнале на земјата на нејзиниот пат до Унијата.

За време на своето обраќање на заедничката конференција во Брисел, тој изрази благодарност до сите земји кои го поддржаа европскиот пат на Албанија, а особено ја истакна важноста на поранешната германска канцеларка Ангела Мекел, на која и честиташе бидејќи денес го слави роденденот, пишува Albanian Daily News.

„Најпрво сакам да и се заблагодарам на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која знаеше да се бори за нас и за сите земји-членки. Сакам да се заблагодарам на уште една Германка без која не би стигнале до тука, Ангела Меркел, на која и го честитам роденденот“, нагласи Рама.

Тој изрази благодарност за почетокот на пристапните преговори до чешкиот премиер Петар Фијала, „кој отпатува од Прага во Брисел за да биде присутен овде“, како и до францускиот претседател Емануел Макрон, кој овозможи со неговите напори,  овој процес да започне.

Рама исто така рече дека Албанија станала посилна во текот на три, многу комплицирани години, во кои одбивањата од Европскиот совет од една страна и земјотресот, пандемијата и украинската војна, од друга страна, создале навистина тешка ситуација.

Тој нагласи дека Тирана е свесна дека земјата има долг пат и оти оваа меѓувладина конференција секако не е „почеток на крајот“, туку дека секоја од нив е „крај на почетокот“ на процесот на пристапување во Унијата, а во изградбата на „европска и силна Албанија и силен и демократски отворен Западен Балкан“./МИА/

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: Од денес одиме само напред, решивме да се соочиме со сите наши стравови и да донесеме храбри одлуки за иднината

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk