ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Како Влада направивме сè во изминатите години за придвижување на европската агенда на земјата и ја вративме земјата на патот кон ЕУ

July 19, 2022 10:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со храбри и мудри одлуки решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија и ги затворивме отворените билатерални прашања. Притоа, како држава не отстапуваме од европскиот курс, од реформите и градењето на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на имплементацијата на направените реформски процеси и постигнатите договори, напиша на Фејсбук министерот Спасовски.

„Денеска, како дел од владината делегација во Брисел присуствував на историски настан за нашата држава – првата Меѓувладина конференција со ЕУ со што се отвора процесот на прием на Северна Македонија и нејзините граѓани во големото европско семејство, Европската Унија, како наша децениска стратешка цел.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен утрово посочи дека нашата држава набрзо ќе преговара со ЕУ за ФРОНТЕКС, спогодба за соработка на граничните полиции, што ќе ја зацврсти соработката за миграцијата. Ние, како Министерство за внатрешни работи сме подготвени и очекуваме во наредниот период да се потпише Договорот со ФРОНТЕКС, којшто заедно со еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, по повеќемесечни преговори го парафиравме во 2018 година како резултат на посветеноста на институцијата за справување со илегалната миграција

Откако договорот ќе стапи на сила, тимовите на ФРОНТЕКС со извршни овластувања ќе можат да вршат гранични контроли на граничните премини заедно со националните сили.

Како Влада направивме се’ во изминатите години за придвижување на европската агенда на земјата и ја вративме земјата на патот кон ЕУ.

Со храбри и мудри одлуки решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија и ги затворивме отворените билатерални прашања. Притоа, како држава не отстапуваме од европскиот курс, од реформите и градењето на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на имплементацијата на направените реформски процеси и постигнатите договори.

Создадовме Едно општество за сите водени токму од мотото на Унијата, „Обединети во различностите”, ги афирмираме и промовираме особеностите и различностите на сите етнички заедници кои се дел од мозаикот на Северна Македонија.

Сега како партнери заеднички ќе придонесуваме кон просперитетот на сите граѓани, да делуваме по заканите по мирот, стабилноста и безбедноста на континентот.

Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори за наше полноправно членство во Европската Унија.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk