Украинската амбасадорка Наталија Задорожњук добила Потврда (сертификат) за познавање на македонскиот јазик.
„Македонскиот јазик го научив уште за време на првиот мој мандат во Македонија. За време на вториот одлучив официјално да ги потврдам своите знаења. Убедена сум дека ако работиш во некоја земја имаш обврска да го зборуваш јазикот на земјата во која престојуваш. Се отвораат многу повеќе можности и се постигнуваат многу повеќе цели. Сега сум официјално сертифицирана од страна на говорителите на македонскиот јазик, пишува во објавата на Фејсбук, украинската амбасадорка Задорожњук.