ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мораме да престанеме да ги заебаваме патриотите

July 21, 2022 14:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Бранко Тричковски

Многу поединци попрво ќе ги отфрлат доказите отколку што ќе прифатат информации кои навестуваат дека нивната позиција е погрешна.

Имам впечаток дека научните истражувања кои го тврдат ова се вршени врз голем број Македонки и Македонци. Тие ги одбиваат фактите за позитивниот развој на ситуацијата во врска со евроинтеграциите затоа што нивните позиции во старт беа скептични, песимистични или, дури, катастрофични.

Почетните позиции кај некои од нив делуваат блокирачки и тие не се во состојба да ги препознаат новите факти, а друг дел ги препознаваат фактите ама не сакаат да си признаат дека згрешиле.

Попрво би си пресекле рака или нога.

Или некој друг орган.

Научниците велат дека овие луѓе не траба да се шлакосуваат или исмејуваат, да се заебаваат на разни начини, туку да им се пријде со разбирање и на тој начин да се бараат заеднички точки.

За мене тоа е, како би рекол, пренаучен и пребавен пат, но немам ништо против да престанеме да ги заебаваме луѓето.

Ако тие се спремни да платат кафе и пиво, можеби и ручек, со тоа што ние ќе прифатиме курсевите за враќање во нормалноста да ги држиме бесплатно.

Истражувањето на културата на спознавањето покажало дека луѓето ги искривуваат научните факти за да одговараат на вредностите кои се важни за нивниот идентитет.

Што да кажам, навистина како некој да бил во Македонија пред да го напише ова.

Тука искривувањата во името на идентитетот се како ајнштајнските искривувања на просторот и времето.

Колосални.

Вселенски.

Конечно, луѓето повеќе им веруваат на членовите на својата културална група отколку на какви било факти.

Тоа ми е само донекаде разбирливо.

Оти да си во иста културална група со Жмицко и вморо и уште да им веруваш повеќе отколку на Тричковски, да речеме, или на Шолц и Бајден, па нели е тоа ту мач тажно.

Но, навистина, без заебавање, се што правам на овој ѕид и во други прилики, во моите колумни во Прва линија, да речеме, е да ги доближам Македонците до вистината за нив и до вистината за светот, до фактите за тоа, да ги растресам малку нивните верувања, особено оние кои се резултат на долгогодишното интензивно перење на мозокот на суво.

Особено да покажам дека нивните факти кои се неспорни како факти, мора да го поминат филтерот на контекстот на времето и просторот, инаку се бесмислени.

Освен ако тие факти не се во состојба да го исфилтрираат времето и просторот.

Што, меѓу нас кажамо, не бива.

Само тоа, ништо повеќе.

Се разбира, понекогаш сум прејак во изразот, но тоа е само паради високото ниво на загриженост за нивното здравје и за здравјето на Македонија.

Но, не ми е тешко да се извинам ако тоа извинување ќе не доведе до две третини за Бугарите и сичките останали.

Хахаха!


Текстот е личен став на Авторот

Next Post

Николовски: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство, проект вреден 1,3 милиони евра од ИПА фондовите

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk