ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата ја усвои информацијата на МЗ за активностите за случајот „Клиника Жан Митрев“

July 21, 2022 08:20
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“, соопштуваат од Владата.

Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021год., а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Министерството за здравство ја информирало Владата дека било побарано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“,Скопје во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019год. до јули 2022 год.

Од Агенцијата за лекови и медициски средства МАЛМЕД како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на  хемофилтрацијата при третман на КОВИД-19 пациенти, известуваат од Владата.

Оттаму информираат дека на 19 јули 2022 година ДСЗИ го доставил  извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници за период 2019 до јули 2022 година,според кој во тековниот период направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот.

На ден 20 јули 2022 година формирана е комисија за вршење на стручен надзор, а во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациентите со КОВИД-19 во Приватната здравствена установа „Клиничка болница Жан Митрев“, Скопје. Во следниот период Министерството за здравство ќе направи анализа на добиените извештаи по која  ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања, соопштуваат од Владата.

 

Next Post
МИА

Денеска состанок на Комисијата за заразни болести, расте бројот на новозаразени со Ковид-19

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk