ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ангелов: Очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот во малешевскиот крај

July 22, 2022 13:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зафатени се повеќе од 50 хектари деградирана букова и дабова шума од пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци. За среќа, пожарот се движи ниско по земјата, и очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот, најдоцна до утре, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој денеска присуствуваше на опожареното место.

-Пожарот се појави во текот на попладневните часови вчера, а се разгори во доцните попладневните часови. Зазема голема површина и се закануваше да прерасне во исклучително опасен пожар. Првична проценка е дека се зафатени повеќе од 50 хектари деградирана букова и дабова шума, дел од шумата која што е зафатена е од претходно исечена има доста расфрлени гранки, потенцираше Ангелов.

Како што посочи, поголем дел од високите дрвја од буковите и дабовите дрва преживуваат, не се оштетени. 

Ангелов информираше дека рано утрово веднаш после 5 часот со дејство започна еден полициски хеликоптер, којшто исклучително прецизно со неговото ведро ја истураше водата онаму каде што е најпотребно и успеале во раните утрински часови да го совладаат првиот огнен удар и да воспостават делумна контрола. – Од пред неколку минути почна со дејство и еден авион од ДЗС, кој исто така со исклучително прецизно фрлање на водата го погоди местото каде што имавме уште едни поголеми пламени јазици, рече директорот на ЦУК.

Ангелов упати благодaрност и честитки до македонските пилоти, но и на пожарникарите кои учествуваат во гаснење на пожарот. 

-Најпрви на лице место излегоа пожарникарите од ТППЕ од Берово заедно со пожарникарите од Национални шуми од Берово, 30 луѓе, коиш први почнаа со воспоставување на контрола. Денеска рано наутро на нив им се придружија пожарникари од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица, но и тимови на ДЗС. Сите овие пожарникари успеале да воспостават, би рекол делумна контрола на пожарот. Очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот, посочи Ангелов.

Гаснењето, како што рече, најверојатно ќе трае подолго, бидејќи на некои места догоруваат трупци, договоруваат дебели дрва на кои е тешко да се изгаснат, а и треба повеќе време истите да согорат. 

Ангелов потенцираше дека на прво место е безбедноста на граѓаните и на пожарникарите.

-Иако вчера најавивме рано наутро дека ќе полетаат два хеликоптери и еден авион, потоа имавме поинаква процена дека ќе биде доволно за почеток еден полициски хеликоптер.Пред некое време почна со дејство и авионот. Сега хеликоптерот ќе повлече во Скопје да се заврши смена на посадата. Ќе продолжи содејство авионот, а потоа по потреба ќе се врати полицискиот хеликоптер, со тоа што цело време на располагање имаме и еден армиски хеликоптер којшто до колку се појави неопходна потреба за кратко време ќе дојде овде, додаде Ангелов.

Хеликоптерот, како што рече, водата ја црпи од Беровското езеро. Посочи дека е зафатена површина нешто повеќе од 50 хектари, но целото подрачје не е со висока шума, има, потенцираше, и ниско стеблести растенија, грмушки, тревнати површини, како и површини кои претходно се исечени на кои што има само остатоци од трупци или гранки кои останале од пожарите. 

-Проблемот е што на некои места огнот се распалува и потоа повторно доаѓа до негово ширење, но сметам дека ќе воспоставиме во текот на денот целосна контрола. За гаснење ќе ни треба сигурно најмалку уште еден ден. Повторувам високите температури прават дополнителни проблеми, рече Ангелов.

Посочи дека штетата од овој пожар од ниту еден аспект не може да се спореди со штетата од минатогодишниот пожар и испрати апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути кој денеска заедно со Ангелов присуствуваше на опожареното место, нагласи дека дека постои добра соработка меѓу институциите, пред се со ЦУК, со локалната самоуправа но и со доброволни друштва кои се вклучени во згаснување на пожарот.

Тој во изјава за МИА напомена дека и во моментов дејствува авионот, и истиот ќе дејствува се до изгаснување на овој пожар, кој сега е ставен под контрола, а целосно ставање под контрола, според неговите проценки, ќе биде во текот на денот, најдоцна до утре.

Максути упати апел до граѓаните да бидат повнимателни за да не дојде до избувнување на пожар, но и да пријавуваат доколку забележат нешто сомнително или пак, како што рече, и тие самите да се вклучат во доброволното згаснување на пожарите заедно со сите чинители кои се на терен.

Next Post

Бензините се намалуваат за 2, а дизелот 2,5 денари

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk