Од Центарот за управување со кризи информираат за состојбата со пожарот на подрачјето на општина Берово.
„Хеликоптерот дејствувал во време од 04.30 часот до 10.30 часот при што е постигнато пожарот да престане да се шири. На терен се следниве сили:
- ДЗС-30 луѓе со 4 возила
- ТППЕ -Берово-6 луѓе и 2 возила
- ТППЕ-Делчево-4 луѓе со 1 возило
- Доброволно ПП Д Кочани- 5 луѓе со1 возило
- ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со 3 возила
- ШС Равна река од Пехчево со 8 луѓе и 2 возила
- ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило
- ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило
- ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила
- Население-15 луѓе.
Вкупно се ангажирани 110 луѓе и 17 возила.
Преку ДЗС побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучи ЕР-трактор (авион)“, пишува во објавата.