ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска на отворање на српскиот Конзулат во Охрид: Сѐ почнува и сѐ завршува со културата

July 23, 2022 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потврда и силен поттик за унапредувањето и за продлабочување на билатералната соработка меѓу нашите две блиски и пријателски земји, во сите области од заемен интерес, посебно на планот на економско-трговската соработка, културата и особено во делот на туризмот, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на Конзулатот на Република Србија во Охрид, информираат од Министерството за култура.

Продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија значи денешното отворање на српскиот Конзулат во Охрид, каде за почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев.

На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчевски и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска,  градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и други гости.

Билатерланите односи меѓу двете земји, според шефот на српската дипломатија, се добри во многу сегменти, втемелени на заедничка историја и блиските врски на двата народи, но и заедичката определеност за иднина.

Соработката со соседните земји во чувањето на мирот и стабилноста на регионот, тежнеењето на полноправно членство кон ЕУ, се приоритети на надворешната политика на Република Србија и овие наши приоритети веројатно секој би помислил дека се приоритети, што и така е, и на Република Северна Македонија, рече Селаковиќ.

Заедничката желба за соработка и зајакнување на мостовите кои не поврзуваат, забележа дека се гледа и низ историската иницијатива на „Отворен Балкан“ каде три држави направија сериозен исчекор во насока на економака соработка и подобрување на квалитетот на живот на сите свои граѓани.

Институцијата на почесен конзул во Република Србија има долга и богата традиција и големо значење во дипломатско – конзуларните односи. Република Србија денес го добива 86-тиот почесен конзулат во странство. Во нашата земја, во Белград и во другите градови има 35 странски почесни конзулати, информира шефот на српската дипломатија.

Тој изрази уверување дека отворањето на Конузлтот во Охрид, кој ги покрива териториите на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, ќе овозможи унапредување на соработката на Република Србија со Република Северна Македонија.

Тоа што денес го правиме еден ден ќе биде историја, а на тоа што е историја не можеме да влијаеме, но на ова што го работиме денес ние и тоа како влијаеме и така ја создаваме историјата. Ќе се бориме таа историја да биде проткаена со мир, стабилност, толеранција и пријателски односи, нагласи Селаковиќ.

Охрид, како и досега, е привлечна дестинација за српските туристи, кои се секогаш добредојдени во што поголем број. Република Северна Македонија и Република Србија имаат извонредни односи во областа на културата, кои се материјализираат низ реализација на голем број проекти од сите свери на творештвото. Потврда за ова се и потпишаните програми за културна соработка меѓу министерствата за култура на двете земји, кои особено придонесоа во зацврстувањето на културните врски и ги охрабрија новите иницијативи, рече министерката за култура.

Најави дека наскоро треба да биде потпишана и новата програма за културна соработка која значително ќе ја зголеми презентацијата на македонската култура во Србија, но и претставувањето на српската култура во нашата земја.

Развитокот на културниот простор во кој сложено живееме и во кој учиме едни од други, создава предуслови и за развој на економските и на политичките врски, затоа што, сепак, се почнува со култура и се завршува со култура. Пред нас постои силен предизвик да се впуштиме во оформување на заедничките интереси важни за иднината на нашето минато и за идентитетот на нашата сегашност, подвлече Костадиновскаа Стојчевска.

Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, кој посочи дека македонскиот и српскиот народ имаат вековна поврзаност, која е втемелена на заедничка историја и отсекогаш биле пример за взаемна доверба и добрососедство.

Тоа особено се однесува на традиционалните партнерства во сите сфери на општественото живеење. Од денес, со отворање на почесниот конзулат на Република Србија во Охрид, создаваме нови можности за градење уште поцврсти мостови на заедништво и зближување меѓу нашите граѓани. Се надевам дека тука ќе се родат многу нови идеи и иницијативи за остварување на стратешки интереси и унапредување на економската и стопанската размена, особено во делот на туристичките дејности, рече Пецаков.

Локалната самоуправа, додаде, секогаш ќе биде подготвена да го поддржи функционирањето на ова дипломатско претставништво и да даде придонес онаму каде што е потребно.

Почесниот конзул на Србија, Михајло Филев смета дека отворањето Конзулат во Охрид е голем подвиг во зближувањето на двата братски народи.

Ваквиот чекор не претставува мост за зближиување, бидејќи мостот веќе постои, туку надградување на тој мост со нови чекори за поуспешна афирмација и презентација на српската добронамерност и, пред се, братска блискост покажана и докажана многу пати во минатото и денес. Нека овој простор на почесниот Конзулат биде само средиште од каде во целост низ цела област ќе се воспоставува нашата соработка низ патот кој го продолжуваме генерациски за подостојно постојано културно и политичко поврзување, порача Филев.

Република Србија во јуни донесе одлука за отворање на Конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев. Конзулатот ќе ги опфаќа со работа општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.

Next Post
Лина Ѓорческа

Ѓорческа со фуриозна игра до финале во Оломуц, Чешка

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk