ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Протоколот ќе ја соочи и Бугарија со сопственото минато

July 23, 2022 17:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Кога Бугарија влегуваше во ЕУ, никој не ја условуваше да ја преиспита својата сопствена историја, ниту и наложи да се извини за тоа што за време на Втората Светска Војна беше соработник на Хитлер.

Таа имаше среќа што ЕУ тогаш ја “погали” и пред останатите нејзини соседи стана европска членка. Но таа никогаш не се издигна во европска држава со европски вредности, подготвена за искрена соработка со земјите од Балканот, каде припаѓа и покрај членството во ЕУ.

Тој чин им ја запечати судбината на балканските држави (пред се на Македонија) кои сега го плаќаат цехот на комплексот на Бугарија како држава заробеник на сопственото минато. Тоа е микс од срам од тоа што била во нејзината понова историја -геостратешки и цивилизациски, но и гордост од тоа што сакала да биде во нејзиното дамнешно минато.

Оттаму на Бугарија и треба едно историско прочистување, соочување со самата себе или да го наречеме тоа една историска лустрација. Лустрација на историската вистина.

Бугарија тоа не успеа да го направи изминативе децении од внатре, иако таму има исклучително слободоумни интелектуалци, професори и научници. Политичкото влијание и таму како и тука е преголемо, за да можат индивидуалните изблици на поинаква вистина од официјално наметнатата за себе самите, да надвладее во општественото едноумие.

За воља на вистината ниту Република Македонија, низ сите нејзини општествено политички трансформации, не успеа да се одлепи од симетричноста со бугарската методологија и грчевито се држи до единствената вистина презентирана во школските учебници по историја која е ортодоксно креирана  да го јакне патриотизмот кај младината.

Можеби ќе звучи чудно, но токму Протоколот, по кој сега се фрлаат дрва и камења, ќе биде првиот обид од надвор да се ре-цензура бугарската историја и нејзината јавност да се соочи и со “другата”, македонската вистина за исти историски настани.

Тоа бездруго се однесува и на Македонија која треба преку заедничката Комисија да “придонесе за објективно и научно толкување на историските настани, засновано на автентични историски извори кои се базирани на докази“.

На македонската историографија на овој начин и се дава единствена шанса да направи баланс на фактите со кои располага, со оние од бугарската страна, а за кои Бугарија самоуверено тврди дека се на нејзина страна.

И сето тоа повторно ќе се случува токму во учебниците.

“Двете држави ќе ги усогласат, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, методолошките упатства, учебниците и други релевантни учебни материјали, соодветно со препораките на Комисијата, во период не подолг од две години по нивното одобрување од Заедничката комисија по чл. 12.

Оттаму, Протоколот може да ја заврши работата што не можеа да ја постигнат ниту серија академски расправи организирани од МАНУ или БАН во годините наназад.

Ако симетричноста во Протоколот го овозможува тоа, значи дека школската младина во Бугарија за прв пат ќе учи за Гоце, за Јане, за Илинденското востание и за други историски личности и настани и на поинаков начин од оној на кој ги воспитувале нивните родители.

Секако дека нема да биде лесно, дека Комисијата ќе има тешка задача, но вреди да се почне и да му се даде шанса на францускиот предлог, вклучувајќи го и Протоколот.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post
Принтскрин од видеото

Тамара Вучиќ: Мирот е неизбежен, но важно е да се постигне што е можно поскоро

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk