Најавениот протест со паролата „Сакаме ноќен живот во Скопје“, закажан на 27 јули пред Владата, е откажан.
Како што информираат иницијаторите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани.
„Почитувани поддржувачи, нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува. Ви благодариме на сите, Се надеваме Скопје како град за краток рок ќе може да понуди летен ноќен живот.“, информираат во соопштението иницијаторите на протестот.
Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ реагираше дека летните ноќни клубови сè уште немаат добиено лиценци за работа поради што најавија протест пред Владата.