ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Професор Гаревски: Денес една од најригорозните контроли на сеизмичка отпорност на градбите во Европа се прави во Македонија

July 26, 2022 17:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Професор Михаил Гаревски. Фото: Фронтлајн

Професор Михаил Гаревски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Фронтлајн, професорот Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП), се осврнува на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Како истакнат научник и долгогодишен директор на ИЗИИС, професорот Гаревски вели дека денес една од најригорозните контроли на сеизмичка отпорност на градбите во Европа се прави токму во Македонија.

ФРОНТЛАЈН: Како преживеан на земјотресот од 1963 година може ли да го споделите вашето искуство, што се случуваше во периодот после земјотресот?

ГАРЕВСКИ: Јас тогаш имав 11 години и добро се сеќавам. Тие сеќавања нема да ми се избришат до крајот на мојот животот. Јас кога го преживеав земјотресот како единаесетгодишен не бев свесен дека тоа е земјотрес. Во анкетата која е во тек сега за однесување на граѓаните за време на земјотресот 62-63 % од луѓето одговорија дека не биле свесни дека тоа е земјотрес.

Ниеден проект пред земјотресот не беше проектиран според сеизмика. Беше страшно, имаше страшна бучава. Инерцијата не фрлаше од еден на друг ѕид. Нешто друго што би сакал да кажам, а е карактеристично. Беа многу добро организирани, кој тоа го организираше не се сеќавам ние бевме деца. Некаде после половина час дојде некоја екипа бијдеќи татко ми беше проектант на Централата Маврово и експерт за брани, да го однесат на браната Матка да се види дали е оштетена, да не дојде до нова каскадна катастрофа.Се виде дека организираноста е на многу големо ниво. Во прашалникот кој го правиме сега од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП) има прашање: -Што мислите дали сега организациски би се снашла подобро Македонија денеска или во 63 година?, 60% одговороија дека не сметаат дека така добро ќе биде организирано за земјотресот како што било во 63 година. Навистина беше прекрасно, шатори многу брзо се намонтираа.

Помошта беше многу голема, од цел свет. Се формираше цел град со шатори во Гратскиот парк. Организацијата беше голема, добро тогаш беше и политички интересно да се сретнат американската и руската војска заедно. Сега не се сретнале, не дај боже да се сретнат може да биде сега многу опасно. Дојде руската војска со тешка механизација, американската војска, тоа памтам. Најинтересно е да се спомно, сите оние кои се постари знаат, имаше пакетчиња што ни праќаа американците, но најубави пакети пратија мексиканците. Нивниот претседател Лопез уште го пратам, испрати пакети со фармерки и ние како деца многу се радувавме на тоа.

Се формираа екипи, експерти инженери ги бележеа објектите колку е ризично да се оди во објектите. Се обележуваа со зелено кадешто можеше одма да се вселите во објектот. Две жолти дека треба некоја санација и црвена боја за рушење. Се проистапи кон санација, доста смели санации се направија. Пополека објектите, некои за една до две години комплетно се санираа, луѓето се враќаа и почна животот да тече најнормално. Се направија прекрасни населби како Пржино, Капиштец се е тоа после нземјотресот. Сите убави бараки, за жал сега пополека тие стануваат големи објекти со минимум три спрата и повеќе. Објектите не се лоши за сеизмика, одлични се, но урбанистички пополека Скопје станува хаос. По мое мислење треба идните урбанисти да се ориентираат да не се набиваме накај Водно, туку да одиме накај Скопска Црна Гора, малку полека и воопшто да се забрани изградба во Скопје и во самиот Центар.

Фото: Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН: Вие бевте долгогодишен директор на ИЗИИС можете ли да ни кажете дали во Скопје се почитуваат стандардите за сеизмичка градба?

ГАРЕВСКИ: Да, тоа сакам да потенцирам. Значи многу голем дел од граѓаните, но и новинарите не се информирани. Прво пред земјотресот немаше сеизмички прописи, туку беа за обична градба. Во 64-та се донесоа првите прописи и почнаа да се применуваат. Генерално секогаш после земјотрес се земаат сеизмичките сили во предвид. Можеби граѓаните се плашат што стана нагла урбанизациија, што викаат урбана мафија, има стварно и такваа.

Од 2014 година во Законот за градба е воведен член 4а кадешто секој проект, секој објект што се гради во Македонија треба да помине низ научна институција специјализирана за сеизмичка отпорност на градбите. Од 2014 година секој објект што е помал од 300 квадрати мора да се контролира проектот во научна институција како што сме ние, а за поголеми од 300 квадрати објекти, покрај тоа што се контролира проектот, се контролира два пати на терен, само конструкцијата нас не интересира. Граѓаните треба да знаат дека после 2014 година една од најригорозните контроли во Европа се прави во Македонија. Тоа дефинитивно го тврдам и тоа е баш така.

Фото: Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН: Кои се и дали има ризици од поголема сеизмичка активност во регионот на Скопје?

ГАРЕВСКИ: Многу тешко се предвидуваат во краток период кога би се случиле земјотреси. Повратниот период на скопските земјотреси е негде измеѓу 300 до 500 години. Но тоа не значи дека за 500 години ќе се случи. По таа теорија на веројатност може дури и утре да се случи, но веројатноста е многу мала. Тоа не значи дека ние не треба да градиме сигурно. Два параметри постојат да бидеме супер организирани по однос на намалување на жртви, едно е сигурна градба и друго припременоста што треба да правиме за време на земјотрес.

По однос на сеизмичноста скопскиот регион спрема статистиката, не би требало да има поголема сеизмичност од оној што беше во 63та. Значи максимум некаде 6,5 можеби би се случил во иднина. Но не би требало во многу брз период се се случи земјотрес. Дури и оној 5,4 што беше во 2016 се случува еднаш во 50 до 100 години. Но ние не треба повторно да се релаксираме и да мислиме да тераме до 400 години до другиот земјотрес. Може секој момент, но веројатноста е мала.

Фото: Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН: Како напредува науката во рано детектирање на земјотреси?

ГАРЕВСКИ: Многу тешко, практично не постои, скоро науката и не се занимава веќе со рано детектирање на земјотреси од неколку причини. Некаде во шеесетите години постоеше голем ентузијазам дека ќе се најде начин да се знае кога ќе се случи земјотресот. Тоа беше ентузијазмот и за американците, јапонците, русите и кинезите. Но после тоа тој ентузијазам спласна и американците и Европа се откажа од предвидување. Остана Соверскиот сојуз и Кина во тоа време, дека тие се грижат за народот и дека ќе предвидат. Особено Кина со тоа се занимаваше.

Мора да се потенцира дека постои единствено земјотрес во светот кадешто е кажано дека ќе се случи, а тоа е во Кина 1975 година, но нема многу податоци. Зошто градоначалникот евакуирал два милионски град еден ден пред да се случи земјотресот со магнитуда 7,5 и практично спасил да нема можеби стотици илјади жртви. Но од многу мали информации се кажува дека претходно имало голем број на силни форшокови. Направиле оштетување на објектите и тој решил да ги евакуира. И следниот ден се јави тој со огромна магнитуда, кадешто пола град е срушен. Но се смета дека тоа не било со предвидување.

Во 1990 година американците поставија огромен број на инструменти, разни сензори кои со тие секвенции предвидуваат дека за една до две години ќе се појави земјотрес и го мониторираа да видат дали има испуштања на некој гасови, подигнувања на нивото на водите и сл. Земјотресот како секогаш што е чуден наместо за две три години се случи за десет години покасно. Така што практично не може никако да се предвидат земјотресите.

Ние како градежни инжинери и специјалисти во земјотресно инженерство можеме веќе да проектираме сигурна сеизмичка зграда под услов проектот да е добро направен и да се спроведува како што е спрема проектите. И надзорот е многу важен и проектот е многу важен.

Разговорот го водеше: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Камера, фотографија и монтажа: Дехран Муратов

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk