ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

July 26, 2022 12:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за месечното издание на весникот „Пензионер“, зборуваше за политиките и мерките кои Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, ги креира и реализира со цел подобрување на квалитетот на живот на највозрасната категорија на граѓани во нашата држава.

Министерката се осврна на усвојувањето на новата методологија за раст на пензиите, со која пензиите ќе се усогласуваат со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот. Со исплатата на септемвриската пензија, а согласно првичните анализи, пензионерите ќе добијат раст за околу 8% повисоки пензии.

Таа потенцираше дека, покрај растот на пензиите, во време на економско-енергетска криза и ценовни шокови, Владата обезбеди и финансиска поддршка за 330 000 пензионери од 1.000 денари за времетраење од три месеци.

„Истовремено, Министерството во партнерство со општините и граѓанските организации работат на воспоставување социјални услуги на локално ниво, наменети за старите лица, веќе препознатлива и кај граѓаните помош и нега во домот, која е од особено значење и за корисниците на услугата, но и за вклучување на тешко вработливите лица од заедницата на пазарот на труд,“ изјави Тренчевска.

Министерката појасни дека оваа социјална услуга е обезбедена преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, проект на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Тренчевска  информираше дека, во рамките на првиот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекта во 27 општини добиле финансиска поддршка преку овој проект. Најголемиот дел од нив или 16 се за помош на нега на стари лица во домот. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 500 корисници, а дополнителна придобивка е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

„Заедно со Сојузот на пензионерите ќе продолжиме да креираме мерки и политики кои ќе бидат наменети за пензионерите и кои ќе значат помош и поддршка и во наредниот период,“ истакна Тренчевска.

Next Post

Со лажни изјави на Черчил намерно се распламтуваат националистички страсти

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk