ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Зеленски: Гасната војна што Русија ја води против Европа е форма на терор, затоа е неопходно да се возврати ударот

July 26, 2022 10:46
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската гасна уцена, која секој месец само се влошува, ѝ е потребна на една терористичка држава за да го влоши животот на секој Европеец. И ова всушност може да се гледа како поттик за осмиот пакет санкции на ЕУ да биде значително посилен од неодамна одобрениот седми, истакна украинскиот претседател Зеленски во своето обраќање.

„Посетата на Претседателот на Гватемала на Кијив се одржа денес – прва во сите години на нашата независност. И работата не е само во тоа дека добивме целосна поддршка од оваа латиноамериканска држава, туку и дека нашите односи со неа се мост за целиот регион на Латинска Америка.

Украинската дипломатија постепено отвора нови главни насоки за нашето општество – Централна и Јужна Америка, Африка, земјите од арапскиот свет, Јужна и Југоисточна Азија.

За жал, немаше доволно внимание на овие макро-региони. И тоа се чувствува кога е неопходно да се акумулира поддршка за Украина, особено на меѓународните платформи.

Благодарен сум ѝ на Гватемала и на г-динот Претседател Џаматеи, со кои разговарав денес, за принципиелната и доследна осуда на руската агресија и учеството во одбраната на меѓународниот правен поредок.

Кризите создадени од Русија ги погодуваат сите во светот и никој нема да може да застане настрана кога Русија предизвикува хаос на пазарот на храна, на енергетските пазари или едноставно на меѓународните односи.

Врз основа на резултатите од преговорите, сигурен сум дека позицијата на Украина ќе биде слушната во Латинска Америка. Со Претседателот се договоривме за укинување на визните ограничувања и за рестартирање на трговските и економските односи меѓу нашите земји.

Денес видовме уште една гасна закана за Европа. Дури и со концесијата за турбината ЗА „Северен тек“, Русија нема да продолжи со испораките на гас за европските земји, како што е договорно обврзана. Сето тоа Русија го прави специјално за да им ја отежне подготовката на Европејците за зимата што е можно повеќе. И ова е отворена гасна војна што Русија ја води против обединета Европа – токму вака треба да се сфати ова. И не им е гајле што ќе биде со народот, како ќе страда – од глад поради блокирање на пристаништата или од зимски студ и сиромаштија… Или од окупација. Тоа се само различни форми на терор.

И затоа треба да се возврати ударот. Да не се размислува за тоа како да се врати некоја турбина, туку да се зајакнат санкциите. Да се направи сè за да ги ограничите руските приходи не само од гасот и нафтата, туку и од кој било преостанат извоз. И да се прекинат трговските врски со Русија што е можно повеќе, бидејќи секоја таква врска е потенцијално средство за притисок врз Русија.

Европската гасна уцена, која секој месец само се влошува, ѝ е потребна на една терористичка држава за да го влоши животот на секој Европеец. И ова всушност може да се гледа како поттик за осмиот пакет санкции на ЕУ да биде значително посилен од неодамна одобрениот седми.

Денес донесов важни кадровски одлуки. Поточно, шефот на Главната управа за разузнавање, Кирило Буданов, ќе раководи и со Комитетот за разузнавање при Претседателот на Украина. Борбениот генерал Виктор Хоренко е назначен за нов Командант на силите за специјални операции на Вооружените Сили на Украина. Додека генералот Григориј Галаган беше префрлен во друга насока и, со цел да се ажурира Службата за безбедност на Украина, беше назначен за прв заменик-шеф на Центарот за специјални операции „А“ на СБУ.

И посебно, би сакал да им се заблагодарам денес на нашите воздушни јуришни трупи, бригадата Сичеслав, која „приземји“ два руски воени авиони и еден хеликоптер – за нешто повеќе од еден ден. Мораме да направиме се за да го прошириме таквото „слетување“ на сите руски авиони и ракетни производи на нашето небо.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Украински војник до уништен руски тенк во близина на Харкив. Фото: REUTERS/Ricardo Moraes

Руските војници се деморализирани, намерно прават саботажи за да не учествуваат во борбенитe судири со Украинците

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk