Херојскиот отпор на украинскиот народ на руската воена инвазија продолжува и после 152 дена. Руските војници се деморализирани, намерно прават саботажи за да не учествуваат во борбените судири со Украинците, се наведува во соопштението на украинскиот Генералштаб.
Известуваат дека во регионите во правец на Волин и Полисија ситуацијата останува непроменета.
„Во насока на Сиверски, со цел да се покаже присуството и да се ограничат дејствата на украинските трупи, руските сили продолжуваат да држат одделни единици на вооружените сили на Руската федерација во пограничните области на регионите Брјанск и Курск. Русите ги гранатираа областите Михалчина Слобода во Черниговската област, како и Писки, Риасне и Билопилија во областа Суми, со артилерија“, истакнуваат од Генералштабот.
Како што информираат, руските сили гранатираат од тенкови и ракетна артилерија во околината на Харкив, Уди, Верхњи Салтив, Малинивка, Боршчева и многу други населби.
„Воздушни напади во близина на Прудјанка и Петривка. Како резултат на непријателствата во правец Цупивка – Дементивка, украинските војници им нанесоа значителни загуби на окупаторите. Во правец на Славјанск, гранатирање е забележано во областите на населените места Норцивка, Бохородичне, Петривске, Адамивка, Привилија, Барвинкове, Костјантинивка, Нова Дмитривка, Долина, Нова Миколаивка, Карнаухивка, Дибровне, Чепил, Марушавка. Руските сили извршија воздушен напад во близина на Јавирски и се обидуваат да ги надополнат загубите во работна сила и опрема. Во насока Бахмут, евидентирано е непријателско гранатирање во областите на населените места Њујорк, Новолуханске, Кодема, Берестове, Билохоривка, Ивановске, Соледар, Мајорск, Бахмутске, Покровске, Јаковливка, Курдиумивка, Бахмут, Весела Долинаве, Зајтневс“, се вели во извештајот.
Оттаму нагласуваат дека не се забележани активни дејствија на руските сили во правците Авдиевка, Новопавливка и Запорожје. Воздушни напади беа извршени во областите на населбите Камјана, Шевченко, Веселе и Полтавка.
„Персоналот на непријателот е деморализиран. Руската команда во некои правци испраќа војници во нападите без поддршка на оклопни возила. Забележано е дека руските војници намерно го онеспособуваат оружјето и возилата и прават други саботажи за да не учествуваат во борбени судири со украинските војници“, соопштуваат од украинскиот Генералштаб.
Подготви: Ј. Ѓорѓиоски