Два параметри постојат да бидеме супер организирани по однос на намалување на жртви за време на земјотрес, едно е сигурна градба и друго припременоста што треба да правиме за време на земјотрес, истакна професорот Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП) во интервјуто за Фронтлајн.
Многу тешко се предвидуваат во краток период кога би се случиле земјотреси. Повратниот период на скопските земјотреси е негде измеѓу 300 до 500 години. Но тоа не значи дека за 500 години ќе се случи. По таа теорија на веројатност може дури и утре да се случи, но веројатноста е многу мала. Тоа не значи дека ние не треба да градиме сигурно. Два параметри постојат да бидеме супер организирани по однос на намалување на жртви, едно е сигурна градба и друго припременоста што треба да правиме за време на земјотрес, рече Гаревски.
За можноста за ризици од поголема сеизмичка активност во регионот на Скопје, професорот Гаревски потенцира дека не би требало да има поголема сеизмичност од оној што беше во 63та, максимум некаде 6,5 можеби би се случил во иднина.
По однос на сеизмичноста скопскиот регион спрема статистиката, не би требало да има поголема сеизмичност од оној што беше во 63та. Значи максимум некаде 6,5 можеби би се случил во иднина. Но не би требало во многу брз период се се случи земјотрес. Дури и оној 5,4 што беше во 2016 се случува еднаш во 50 до 100 години, рече Гаревски.
Но ние не треба повторно да се релаксираме и да мислиме да тераме до 400 години до другиот земјотрес, може секој момент, но веројатноста е мала, вели професорот Гаревски.
Целото интервју со професорот Гаревски на Фронтлајн.мк.