ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Следуваат најголемите системски реформи во јавните финансии во изминатите две децении

July 28, 2022 08:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемите реформи во јавните финансии во изминатите две децении, на кои ќе се гради систем кој ќе продуцира повисоки стапки на економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, беа тема на средбата во Министерството за финансии, помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски, на која присуствуваа и раководителите на сектори во министерството. Станува збор за новиот реформски Закон за буџети (Organic Budget Law), поддржан од сите релевантни меѓународни институции, како и од политичките партии, и измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Овие закони, кои се во финална фаза во Собранието на Република Северна Македонија, се креирани по примерот на најдобрите светски и европски практики и носат крупни реформи од планирање до реализација на буџетот на државата и на единиците на локалната самоуправа, поставување на фискални правила и фискален совет, како и негување на висок степен на отчетност и транспарентност.

На средбата помеѓу министерот за финансии Бесими и премиерот Димитар Ковачевски, беше истакнато дека во време на крупни предизвици, какви што се ценовната и енергетската криза, не треба да се изгуби фокусот кон системските реформи. И покрај креирањето на тековните мерки, кои треба да ги заштитат граѓаните, стопанството и економијата, напоредно треба да се работи и на унапредувањето на системот. Само на тој начин може да се задржи стабилноста, а на среден рок и да се постигнат подобри економски резултати, беше посочено на средбата.

Двата реформски закони суштински го менуваат досегашниот систем на функционирање на јавните финансии. Законот за буџети поставува среднорочна рамка и јасни цели за постигнување на одржлив раст, како и интегриран систем кој значително ќе го подобри квалитетот од планирањето до спроведувањето на јавните приходи и расходи. Исто така се поставуваат прагови за долгот и дефицитот во насока на заложбата за фискална консолидација, но и Фискален совет кој независно ќе ги надледува овие процеси. Измените на Законот за финансирање на општините се засноваат на три столба: подобрување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на нивните приходи, зголемување на фискалната дисциплина на општините и зголемување на нивната транспарентност и отчетност. Со овој закон се овоможуваат повисоки приходи на општините со раст на нивниот удел во даночното зафаќање, но и зголемување на одговорноста и отченоста во трошењето на парите.

По усвојувањето на овие закони од страна на Собранието, преку точно утврдени планови на реализација ќе отпочне нивното спроведување. Тие ќе се одвиваат истовремено со спроведување на антикризните мерки за заштита на граѓаните и фирмите од тековната криза, со цел да се оптимизира системот, од кој се очекува по кризата да ги даде посакуваните повисоки и одржливи стапки на економски раст.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk