ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска Стојчевска: Нема да има никаква цензура, историјата да не ни биде затвор, туку лекција

July 28, 2022 14:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бисера Костадиновска Стојчевска

Бисера Костадиновска Стојчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Да престанете со слободна интерпретација на меѓународни договори, соработката со Бугарија е долго време активна и не е ништо ново, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа. Историјата повеќе да не ни биде затвор, туку да ни биде лекција, порача денеска од собраниската говорница министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, одговорајќи на пратеничко прашање.

Костадиновска Стојчевска потенцира дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо.

Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.

-Правите слободни интерпретации на Договорот за пријателство. Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира, секој има право на творештво. Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.

Прашањето го постави пратеничката Велика Стојковска Серафимовска која побара одговор што конкретно според потпишаниот Протокол со Бугарија значи „говор на омраза“ и дали тоа предвидува цензура во творењето на уметниците, како и дали делата кои се однеусваат на т.н. спорни периоди ќе бидат заборавени и забранети. Стојковска Серафимовска како примери ги посочи филмовите „Волчја ноќ“, „Истрел“, „Јазол“, „Трето полувреме“,…, прашувајќи дали ќе треба да се менува нивната содржина.

Next Post

Вокс њуз: Илир Мета во комунизмот го шпионирал најдобриот другар, а во плурализмот го сменил презимето

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk