ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вокс њуз: Илир Мета во комунизмот го шпионирал најдобриот другар, а во плурализмот го сменил презимето

July 28, 2022 14:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите во Албанија продолжија да откриваат детали за најозборуваното досие, она за улогата на поранешниот претседател Илир Мета во државната безбедност.

Вокс њуз ја анализира улогата на поранешниот претседател Мета во државната безбедност, врз основа на досије.

– Целата оваа фабула почнува во 1988-1989 година, кога студентот Филип Тало, најблизок пријател на Илир Мета, решава да побегне во Грција. Тој го споделува својот план во доверба со неговиот  пријател Илир Мета, моментално претседател на Партијата на слободата и поранешен претседател на Републиката, наведува изворот.

По ова признание меѓу пријателите, планот на Филип Тало се разоткрива и тој е повикан како обвинет. Според безбедносното досие, од 140 страници, тој бил повикан на  распит пред судот, за причините за бегството во странство. Како сведок  се појавува  и Илир Мета, кој кажал дека од неговиот пријател слушнал за планот за бегство кон Грција.

– Оваа епизода е детално опишана во досието на Државната безбедност, каде јасно се споменува името на Илир Реџеп Метај како сведок против Филип Тало. После тоа, со падот на режимот и доаѓањето на демократијата и вклучувањето на Илир Мета во политиката, овој се погрижил да си го расчисти своето минато како дел од државната безбедност. Освен што од презимето ја избришал последната буква и добил идентитет Илир Мета тој се погрижил да го замолчи Тало со прием во партијата и давајќи му директорска  функција, кога на власт бил во коалиција со демократите, стои понатаму .

Тоа значи, заклучува Вокс њуз, дека  Илир Мета покрај махинациите и маневрите преку модификација на презимето (од Метај во Мета) се обидел во овие три децении да го “затскрие  еден од најмрачните периоди од својот живот, како соработник на тајната служба  преку купување и заведување на главниот сведок”.

Додава дека и доколку сака повторно да го поткупи и да не сведочи за случувањата Тало не може да го стори тоа бидејќи во матичната евиденција постои само едно лице запишано под идентитет Филип Тало.

Според таен документ доставен до парламентот Мета е запишан како соработник на поранешната тајна служба ШИК, што претседателката на парламентот Линдита Никола го оцени како шокантен случај и по итната седница со координаторите на пратеничките групи најави седница, во кое било време, на парламентот штом ќе побараат партиите.

Ваквата информација ја отфрли Мета оценувајќи дека се прави со цел одвлекување на вниманието од големата корупција и криминал на владата./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk