ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Зеленски: Никој во светот не инвестира во тероризам повеќе од Русија, а тоа бара правен одговор

July 29, 2022 11:40
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Само во првата половина од овој ден и само во Кијив имаше четири воздушни аларми. Руската армија изврши ракетни напади врз Кијивската област, Кропивницкиј, го погоди Миколајив, продолжи серијата стратешки бесмислени и брутални напади врз Донбас. Им благодарам на секој и на секоја што го одбива овој терор, истакна украинскиот претседател Зеленски во своето обраќање.

„Денес за прв пат го одбележавме Денот на Украинската Државност и бев среќен кога видов колку луѓе го примија овој празник и го честитаа, и се насмевнаа и се гордееја со Украина.

Се чини дека таков ден требаше да славиме многу, многу години – толку е логично. Но, овој празник е воведен дури минатата година. И добро, сега – засекогаш.

За време на свечената средба во Врховната Рада на Украина, на нашите војници им доделив борбени награди – „Крстови на борбени заслуги“. Конкретно, на генерал-полковникот Олександр Сирскиј, командант на оперативно-стратешката команда „Хортица“, на генерал-мајорот Андриј Ковалчук, на бригадниот генерал Андриј Гнатов, на бригадниот генерал Михаило Драпатом, на полковниците Евген  Булацик, Микола Мишакин и Олег Федорив, на потполковникот Павло Розлач, на мајорите Руслан Маришев и Денис Нохрин, на капетанот Дмитро Береговиј, на постарите поручници Дмитро Линик и Анатолиј Танцјура, на поручникот на медицинската служба Јулија Головна, на наредникот Павлина Миколаевич, на штабниот наредник Роман Паламарчук, на помладиот наредник Олександр Рогачевскиј, на постариот морнар Олена Заблоцка и на војникот Сергиј Мишченко. Ви благодарам на сите за вашата служба и ефективност во битките!

Денес, во Мариинската палата, им ги предадов пасошите на граѓаните на нашата држава, на млади Украинци и Украинки – момчиња и девојки кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради воените дејствија, млади волонтери, победници на Сеукраинската Олимпијада , деца на нашите војници кои ја бранат Украина и деца на оние кои го дадоа својот живот за независноста на државата. Инспиративна церемонија која ја потврдува моќта на украинското државјанство! Иднината на Украина лежи во таквите деца, во нивната искреност и интелигенција. Горд сум што сум Претседател на вакви граѓани.

Имав чест да му се заблагодарам на еден од нашите најголеми пријатели – господинот Претседател на Литванија Гитанас Наусиеда за неговата поддршка и исклучително важните работи кои ја зајакнаа нашата одбрана. Пред Врховната Рада на Украина во посебен формат се обрати Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мацола – наш принципиелен пријател во европските структури.

Имав важни телефонски разговори. Во утринските часови – со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Му се заблагодарив за неговите молитви за Украина, за неговите желби за победа и мир. Вечерта разговарав со Премиерот на Холандија Марк Руте – многу значајно за нашата идна соработка.

Одржав уште еден состанок на Штабот на Врховниот командант. Разгледавме четири прашања. Од она што сега може јавно да се каже: ја анализиравме состојбата на обезбедувањето – во овој момент – со оружје за нашите бранители, снабдувањето со помош од партнерите и, воопшто, состојбата на имплементација на одбранбениот план на Украина, што беше ставен на сила на 24 февруари.

Само во првата половина од овој ден и само во Кијив имаше четири воздушни аларми. Руската армија изврши ракетни напади врз Кијивската област, Кропивницкиј, го погоди Миколајив, продолжи серијата стратешки бесмислени и брутални напади врз Донбас… Им благодарам на секој и на секоја што го одбива овој терор.

И, исто така, сакам да им се заблагодарам на американските сенатори кои едногласно ја одобрија резолуцијата со која се повикува американскиот Стејт департмент да ја признае Русија како државен спонзор на тероризмот. Можете да одвоите било кој ден во Украина – денес или кој било друг по 24 февруари – за да видите дека никој во светот не инвестира во тероризам повеќе од Русија. Ова навистина бара правен одговор на глобално ниво. И не постои ниедна рационална причина зошто таква реакција не треба да се случи, вклучително во САД.

Продолжуваме да акумулираме меѓународна хуманитарна поддршка. Драго ми е што Демна, креативниот директор на модната куќа Баленсијага, стана нов амбасадор на државната хуманитарна платформа United24. Тој ми кажа дека одлуката да стане амбасадор на United24 е поврзана со неговата лична историја, бидејќи ја доживеал траумата како бегалец. А Демна ќе ѝ помогне на Украина во насока на реконструкција. Да потсетам дека Андриј Шевченко, Елина Свитолина, Лиев Шрајбер и бендот Imagine Dragons веќе станаа амбасадори на United24.

Ќе направиме се за светот да не остане рамнодушен на оваа страшна војна што Русија ја започна против нашата држава и против самата идеја за слобода.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МТСП: Објавен јавен повик за општините, градот Скопје и општините на град Скопје за обезбедување на средства за давање на социјални услуги

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk