ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Паѓаат цените на нафтата на светските берзи

August 1, 2022 17:45
in БИЗНИС, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа поради најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, а со тоа и на изгледите за глобалната побарувачка на нафта.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари.

Мерките за ограничување на движењето поради ширењето на заразата со коронавирус го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот.

Јапонската производна активност, пак, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци.

Цените на нафтата во Лондон и на американскиот пазар го завршија јули со втора последователна месечна загуба за прв пат од 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги зголемуваат стравувањата од глобална рецесија, која ја намалува побарувачката за гориво.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, заедно познати како ОПЕК+, ќе се состанат в среда за да одлучат за производството на групата во септември. /MИА/

Next Post

Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 проценти, во ЕУ 6 отсто

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk