ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција ја поддржува „политиката на една Кина“

August 4, 2022 16:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„One China policy“, односно политиката на една Кина е позицијата на Грција, изразена како од владиниот портпарол и шефот на грчката дипломатија, така и од опозициската СИРИЗА, јави  дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за односите Кина-Тајван, рече дека на светот не му се потребни други тензии и повтори дека позицијата на Грција е усогласена со ставот на ЕУ.

-Нашата земја е непоколебливо посветена на ставот дека разликите треба секогаш да се решаваат по мирен пат, како што предвидуваат меѓународното право и меѓународните договори.  Што се однесува до конкретното прашање, ние сме целосно усогласени со позицијата на ЕУ. Грција непоколебливо ја поддржува политиката на една Кина, рече Иконому.

Оваа грчка позиција, односно политиката на една Кина, ја повторил и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на вчерашната средба со неговиот кинески колега Ванг Ји на маргините на 55-от министерски состанок на Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Камбоџа.

Идентичен е ставот и на опозициската СИРИЗА, од каде што  велат дека тоа е грчка и европска позиција што тие и во минатото и сега ја поддржуваат, додаваат дека со загриженост ја следат „ескалацијата на тензиите на глобално ниво, што создава услови за нова студена војна“ и повикуваат на иницијативи „во насока на деескалација“, кои тие би ги поддржале.

Next Post

Управата за извршување на санкции демантира дека припадници на затворската полиција малтретирале член на Левица

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk